CSS Template

Христијан Мицкоски во Прилеп на средба со бизнис секторот

373

Во регионалната Стопанска комора – Прилеп, Претседателот на најголемата опозициона партија во Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со бизнис заедницата и преставници на регионалната Стопанска комора – Прилеп.

Инфраструктурата,непредвидливоста од аспект на законски решенија, даночната политика , полтиката со акцизите ,„каобојските“ однесувања на определени политички  структури и денес, и во минатото,  биле проблеми со кои се соочувал бизнис секторот во Прилеп, истакна Мицкоски во изјава за новинарите, кои не присуствуваа на состанокот во регионалната Стопанска комора и чекаа да чијат за да и пренесат на јавноста, за што се разговарало  на оваа средба.

 

„На состнокот со регионлната стопанска комора  ги слушнавме сите критики за оваа влада,  но и за сите изминати влади во овие 28 години. Ние го презентиравме она што ќе биде дел од  програмата на ВМРО ДПМНЕ, како мерки кои ќе бидат применувани. Дел од тие мерки се нивните потреби . Норамлно, бизнисмените се конзервативни во сето она што го слушаат, бидејќи во минатото се изнаслушале многу ветувања од  страна на политичарите.

Нема  да ветуваме нешто што не можеме да го испорачаме. Ние не сме СДСМ ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои сакаат честито да настапат  пред граѓаните и мислам дека сето тоа што го зборуваме и за кое се  обврзуваме пред граѓаните, на 12-ти  април да го испорачаме.

Свесни сме за реалноста, за разочарувањата во Македонија. Свесни сме за перцепцијата политчари која гласи „еве ги овие дојдоа да лажат , за да можат после да крадат„, но, се надевам дека како генерација млади политичари, тоа што денеска го презентираме ќе биде доволно видливо за да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани и да ја оправдаме таа поддршка.„-изјави Мицкоски

Мицкоски нагласи дека остварил средба и со работниците  од Еурокомпозит , кои и денеска штрајкуваа пред фабриката

„Имавме состанок со вработените од Еурокомпозит. Таму состојбата е алармантна. Станува збор за долгови од 5 милиони евра и кон вработените, и кон доверителите Разовараввме за сето она кое што му било ветувано  од страна на  поранашниот вицепремиер Анѓушев, а  потоа и за ветувањата на Заев. Малку комични ветувања! Она  кои им го дадовме како одговор е дека ќе се обидеме да извлечиме долгорочни решенија, кои ќе бидат во корист на сите вработени, и на они 60 –тина кои се таму , но и на оние 150 –тина кои се прогласени за технолошки вишок. Владата на ВМРО ДПМНЕ, после 12-ти април ќе понуди едно такво издржливо решение“ – рече Мицковски

 

Што се однесува за случајот „Рекет“, тој на новинарско прашање одговори:

„Рекет„ е доказ за едно срамно однесување на политичари од минатото, од транзицијата, кои функционираат со поткуп, со закани , со  уцени. Немам што да коментирам, едноставно се срамам што државата во која живеам и работам е преставена во такво светло во меѓународната заедница. И , тоа  е еден дополнителен податок дека не одиме на вистинскиот пат, туку дека одиме на погрешниот пат, одиме во амбис, со овие политичари , со оваа влада на СДСМ. За среќа на 12 април граѓаните ќе добијат вистинска влада, граѓанска влада, кое ќе работи во интерес на оваа држава и граѓаните.„ – нагласи Мицковски при денешната посета во Прилеп

semm
Farma Dolneni
Vivafarm