CSS Template

Девојките од Седми Мај доминираа на изборното првенство во борење

Женското борење во Прилеп со сериозен квалитет и доминација

332

На изборното првенство во борење во машка и женска конкуренција  за пионери односно У-15 ,  што се одржа деновиве  во Скопје , БК 7- ми Мај од Прилеп освои 9 пласмани од 9 натпреварувачки и екипно го освои првото место  во женска конкуренција. Категорија 36 кг прво  место Викторија Стојаноска, второ место.Ивона Мицеска ,  третата позиција и припадна на Деспина Богеска.Во категоријата  до 41 килограм , трето место за Михаела Богеска , до 50 килограми , второ за Христина Велеска а трето за   Оливера Мицеска и Михаела Тодороска, до 54 килограми второто место го освои Елеонора Темелковска.Најдобрата во земјава за оваа возрасна категорија  до 65 килограми , Барбара Стојкоска повторно доминираше и беше најдобра на ова изборно првенство.

На ова првенство во машка конкуренција најуспешни беа екипите на Лирија , Балканец , Бучим, Студеничани , Борец и Вардар а во женска конкуренција на врвот , Седми Мај Леов , Бучим и Безбедност.

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm