CSS Template

Победа подобра и од Слога

234

Победа попладнево на Градскиот стадион во Виница го совлада домашниот тим на Слога со 2-0. И двата гола ги постигна искусниот Гешоски. Првиот погодок Гешоски го постигна со глава по центаршут на Наумоски, а вториот со ефектен пласиран удар од 20-тина метри.

Тренерот Крстески изведе два различни состави.

Победа прво полувреме: Котевски, Бунтески, С.Спиркоски, Петровски, Димитриески, Илиески-Кисески, Каралиоски, Ефремов, Ф.Спиркоски, Митрески и Анастасовски.

Победа второ полувреме: Котевски(од 75 мин Маркоски), Наумоски, Петкоски, Дамески, Колески, Анѓелески, Дунимаглоски, Андреески, Јошески, Симјаноски и Гешоски.

Следниот 4-ти контролен натпревар во подготвителниот период Победа ќе го игра во понеделник на 10-тти февруари од 12 часот со второлигашот Лабуништа во Охрид.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni