CSS Template

Помош за семејството чија куќа утринава изгоре најави општината

1,154
Avtokontrol1

Остатоци од изгоренa покуќнина,  игорени ѕидови и под,  унишетно се,  во еден момент  од пламените јазици што ја зафатиле семејната куќа на прилепското  семјестово Спиркоски , на улицата „Никшичка“ број 10, која гореше , околу 8,оо часот и  во која  животот ,за жал го загуби и едно лице , 72 годишна жена, а останатие шест челена спасени од ТППЕ-Прилеп .По, изгаснувањето на пожарот вака изгледаше куќата на семејството Сприкоски, која со помош на пријатели  родниние се расчитуваше од опожарените предмети

Попладнево  семејството го посети градоначалникот , Илија Јованоски и претседателот на Совет Миле Талевски и им најавија матејрална помош

 

Жалам за овој немил настан, во кој имаше и смртен случај. Општина Прилеп ќе
им излезе во пресрет со материјална помош на двете семејства кои живеат во
оваа куќа. Човечката загуба за жал не може да се надомести, но се надевам
дека и стопанските субјекти ќе излезат во пресрет со нивна помош, со да
изнајдеме начин сите заедно да му помогнеме на овие наши сограѓани кои
загубија и член од своето семејство и претрпеа голема материјална штета“,
изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Пожарот, кој започнал од приземјето на куќата, каде и се наоѓала починатата жена, во 8 часот и 37 минути бил пријавен во Територијалната противпожарна единица, при што за кратко време на местотото на настанот пристигнале четири противпожарни возила и единаесет пожарникари, кои за дваесетина минути го ставиле пожарот под контрола и од двата спрата на куќата ги
извлекле преостанатите шест лица кои во тој момент се наоѓале таму.

 

„За многу кратко време противпожарната единица од Прилеп пристигна на лице место и увиде дека се работи за пожар во приземјето на куќата. Пожарот, преку скалите се проширил на двата спрата на куќата, но со успешната акција на пожарникарите, спречен е да ги зафати просториите на двата спрата. Спасени се човечки животи, но за жал се случи немил настан каде една личност го загуби животот, како последица од пожарот“, истакна Методија
Николоски, претставник од Територијалната противпожарна единица.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni