CSS Template

Прилепчанецот Матеј Белистојаноски петти во Европа за кадети

Белистојаноски одличен во Будимпешта !

135

Еден од најдобрите десет млади спортисти на град Прилеп , каратистот и член на карате клубот Спорт 94 Матеј Белистојаноски повторно ја израдува прилепската и македонската спортска јавност освојувајќи го високото 5-то место на неговото деби учество на европските шампионати. Белистојаноски во Будимпешта, Унгарија  на европското првенство во карате за кадети, јуниори и у21 имаше одличен настап во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција.

-52 кг : Матеј Белистојаноски – Нико Форштунгер (Лихтеншатјн) 1-0; Матеј Белистојаноски – Александер Опас (Полска) 2-1; Матеј Белистојаноски – Даниел Хавличек (Чешка) 1-0; Матеј Белистојаноски – Арон Себок (Унгарија) 3-0
Полуфинале:
Матеј Белистојаноски – Мер Газарјан (Ерменија) 0-1
За бронза:
Матеј Белистојаноски – Мерт Халиџи (Турција) 0-1

Иако прилепската карате гордост имаше можност да стигне до медал , сепак според прикажаното Белистојаноски заслужи да биде во врвот на европското карате.Му недостасуваше само спортска среќа да стигне до медал , но  ова е само поттик повеќе во иднина Матеј да продолжи со докажување во овој спорт, па затоа сите ние очекуваме и медал од следните натпреварувања.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm