CSS Template

Малку поинаку со параглајдеристот Борјан Јованоски

Борјан е вистински херој под облаците

678

Кога адреналинот треба и мора некаде да излезе на површина, а желбата да се биде човек -“птица”, тогаш страста за повикот кон облаците е само почеток на животната приказна на личноста која секојдневно мечтае за небесните висини, на човекот кој од свои шест години па до ден денес “парадира” низ воздухот без да му трепне око. Борјан Јованоски, прилепска гордост во спортот, каде коефициентот на истрајност и храброст при скоковите се изедначува со човековиот сон да се лета. Јованоски секогаш позитивно ги изненадува сите, со своите резултати и повеќе од заслужено е една од клучните карики во овој спорт кај нас. Екипата на Радио Пела знае за каков спортист станува збор, но во ова интервју сакавме, и вие да дознаете нешто повеќе за Борјан Јованоски и тоа од прва рака.

Радио Пела : Со кои зборови би се опишал и зошто?

Јованоски : Љубител на природата – место за себеобновување, љубител на екстремните спортови – уште како дете наместо цртани филмови јас постојано гледав документарни филмови за екстремни спортови, тимски работник,трпелив.

Радио Пела : Кога би можел што би променил во ова општество?

Јованоски : Би ги променил сите оние работи со кои младите се соочуват во денешно време т.е сите оние работи кои не се во полза за нивно кариерно напредување, функционирање и творење.

Радио Пела : Која позната личност ја имаш во твоите контакти на твојот телефон?

Јованоски: Чекајте ова мора да го проверам.. А еве од мојот професор по Микроекономија и поранешен министер за финансии Никола Попоски.

Радио Пела : Флипери или Play Station ?

Јованоски : Време поминато во природа.

Радио Пела : Дали некогаш си јадел во ресторан да не ти се допадне јадењето, а да платиш и зошто ?

Јованоски : Секогаш порачувам храна во кои има барем некои работи што практикувам да ги јадам , прескокнувам експериментирање, иако во странските држави се практикува тоа да не мора да платиш ако не ти се допаѓа храната. Јас не би го практикувал тоа бидејќи сепак некој вложил труд во пригутвување на храната, а вкусовите се индивидуални и се разликуваат од човек до човек.

Радио Пела : Што е последното нешто што си го украл и дали си сокрил нешто од најблиските било да е предмет или некоја тајна ?

Јованоски : Скршена стаклена чаша.

Радио Пела :  Дали сакаш да ти ја кажат вистината или да те заштитат од лага?

Јованоски : Нели е ова едно исто ?! Секако вистината.

Радио Пела : Дали би работел ноќна смена секој ден или би работел на пазар во среда и сабота и зошто ?

Јованоски : Би работел на пазар во среда и сабота, бидејќи така би имал повеќе време во текот на неделата за спортски активности, параглајдинг, планинско трчање, велосипедизам и сл.

Радио Пела :Кога би имал пет минути да ја напуштиш куќата што би понел со себе и каде би       заминал ?

Јованоски : Мојата параглајдинг опрема за “hike n fly” во која составен дел е и кампинг опрема, би се впуштил во авантура, денски планинарење и летање, а ноќе спиење под звезди.

Радио Пела :  Која секција си ја посетувал во средно ?

Јованоски : Информатичката секција.

Радио Пела : Зошто жените не можат да стават маскара со затворена уста?

Јованоски : Така се концетрираат повеќе…Хм, мислам дека ова прашање не знаат да го одговорат ни жените.

Радио Пела : Зошто зборот “кратенка” е толку долг ?

Јованоски : Затоа што е составен од осум букви.

Радио Пела : Зошто пилотите – камикази- носат кацига?

Јованоски: За да изгледаат попрофесионало.

Радио Пела : Зошто продавниците кои работат 24 часа имаат клучеви и брави ?

Јованоски : А зошто да немаат ?

Радио Пела :  Како таблите со натпис “ Забрането е газење на тревата” стигнале до средината на тревникот?

Јованоски : Сигурно е поставен од соодветни лица кои се задолжени за тоа и тоа, по пат на газење на тревата, кое се коси со значењето на знакот.

Радио Пела :  Дали би подарил нешто, некому, ако навистина е непотребно да му подариш?

Јованоски : Да , да подариш некому нешто макар и да нема причина за тоа , предизвикува убаво чуство на оној кому го подаруваме нештото.

И кога со еден спортист ќе го продлабочиш  разговорот, се разбира дека нема да се сетиш кога времето поминува брзо, исто како сите слетувања на Јованоски кон целта, зашто колку повеќе си во воздухот како што вели тој, толку е поубаво чуството што си дел од параглајдерството. А не е ни на одмет и едно малку поинаку, вака ,  со Борјан Јованоски, благодариме.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm