CSS Template

Отворен ден на спелеологијата пред прилепчани

Спелеолошката магија презентирана од страна на спелеолошкиот клуб ЗлатоВрв

515
Avtokontrol1

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ Прилеп  во паркот кај Градскиот Саат денеска организираше  Инфо Спелео Ден.Сите оние кои се спремни за авантура и кои сакаат да го истражат непознатото во себе имаа можност да присуствуваат на оваа инфо презентација на спелеолошката магија .Прилепчани во исто време се запознаа со работата на спелеолошкиот клуб “ЗлатоВрв”, а заинтересираните и да бидат дел од овој тим преку новите уписи.

Овој отворен спелеолошки ден предизвика голем интерес, пред присутните беше презентирана опремата за спелеологија , за планинарење како и техниките за спуштање во пештери односно што е потребно за да се биде безбеден за секој оној кој сака да ги освои височините и да ги открие длабочините на земјата.

Инструкторот Дарко Неданоски вели дека пред спелеологијата е наука која се занимава со истражување на пештери и пропасти,  и гранка која го спојува спортот и науката, но дека е одлична можност сите да се приклучат на клубот и да учествуваат во многуте нивни акции, да го осознаат светот на пештерите,  да откријат нешто повеќе и за себе, да го видат невидливото а да го направат невозможносто.Неданоски истакна дека спелеологијата всушност ги прави луѓето поразлични, па затоа изборот за спелеологија е всушност,  избор повеќе од спорт.

Спелеолошкиот клуб “ЗлатоВрв” брои триесетина членови кои секогаш се дел од активностите кои ги реализира клубот а од таму очекуваат дека во наредниот период, со ваквите отворени денови но и со авантурите кои се дел од спелеологијата, таа бројка да се зголеми.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm