CSS Template

Откажани тренинзите на спортските колективи од Прилеп

Како превентива од актуелната ситуација се прекинуваат тренинзите и натпреварите на прилепските клубови

213
Avtokontrol1

Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , прилепските спортски колективи ги откажуваат активностите во наредниот период.Според информациите кои пристигнаа до редакцијата на Радио Пела , младинскиот и детски фудбал ќе паузира до 24 Март. Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.По најновите добиени препораки натпреварите од Детските лиги и другите младински нивоа дефинитивно се одложуваат најмалку до 24-ти март. Ова значи дека претстстојниот викенд на 14 -ти и 15 -ти март како и викендот потоа на 21-ви и 22-ри март натпревари во Детските и Младинските лиги нема да има.

Покрај фудбалот и кај прилепските џудисти следува пауза се со цел следење на насоките и препораките за превентива од вирусот COVID – 19.Имено џудо клубот Сеишин ги прекинува тренинзите за сите возрасни категории а во исто време на своите ченови им препорачува следење на насоките за нивна здравствена заштита и секако оваа принунда пауза да ја искористат за дополнителна теоретска едукација за џудото како спорт преку користење на записи достапни на интернет или сопствена литература.

Согласно сите препораки за заштита од вирусот, боречкиот клуб Седми Мај Прилеп,  ги прекинува тренинзите во наредните две недели. Од таму информираат дека и дефинитивно нема да учествуваат на “Croatia open ” во Загреб , турнир на кој прилепчани учествуваат секоја година а кој требаше да се одржи викендов , како и на турнирот Динко Петров,  Стара загора на 26-ти овој месец.

Исто така под знак прашалник е и одржувањето на медитеранското првенство во борење кое треба да се одржи од 3-ти до 5-ти Април.Ова се дел од информациите на прилепските спортски колективи кои Радио Пела ги доби во текот на денот а сигурно и останатите спортски клубови ќе прекинат со тренажен процес со цел превенција и заштита на своите членови од вирусот COVID – 19.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni