CSS Template

Поставени „речни корита“ со течност за дезинфекција на сите возила од другите градови во Прилеп

578

Во деновите од викендот повторно ќе бидат дезинфицирани главните и споредните улици, а на влезовите во градот ќе бидат поставени таканаречени „речни корита“, со течност за дезинфекција на сите возила кои од другите градови доаѓаат во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски апелираше

„Мора сите да бидеме свесни и единствени, само така можеме да ги откриеме сите потенцијално инфицирани лица. Треба сите да бидеме што повеќе изолирани во своите домови, да не излегуваме, бидејќи тоа е најдобриот начин да не бидеме зафатени од коронавирусот. Уште еднаш до нашите сограѓани сакам да упатам апел за смиреност, за спокојство. Да оставиме здравствените работници да си ја завршат својата работа. Ги охрабрувам и нив, ја разбирам и нивната растревоженост, бидејќи ова што ни се случува не е нешто секојдневно. Но сето ова мора заедно да го издржиме, зошто само така ќе ја победиме пандемијата“, –  порача градоначалникот Јованоски на граѓаните на општина Прилеп.

Денеска на сите матични лекари и стоматолози им се испорачувале штитници за лице, а порачана е нова количина на скафандери за заштита на медицинскиот персонал во здравствените институции. Исто така, во соработка со јавните претпријатија се врши дезинфекција на влезовите во зградите.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni