CSS Template

Aнгелски глас на новиот милениум (ФОТО)

Озѓан Сулејманоски е гордост на Прилеп

765
Avtokontrol1

Без разлика дали ги сакате  генијалните мелодии на Моцарт, реге звуците на Боб Марли или R&B музиката на Ријана, слушајќи ги хармоничните тонови, вие го релаксирате телото и ја храните душата. Музиката е насекаде, сите ја почувствувале, но на оние на кои од мали нозе им е водилка во животот,  тогаш тие луѓе ја знаат нејзината вистинска моќ. Озѓан Сулејманоски е дете на новиот милениум, прилепчанче,  човек на кого музиката му е лек за душата но и за телото.Него,  уметноста му ги отвора вратите уште во основно образование кое го завршува во училиштето Добре Јованоски а основната подлога  во светот на музиката ја надоградува во музичкото училиште Ордан Михајлоски Оцка во класата кај професорката Леонарда Богданоска Гиноска , отсек соло пеење. 

Ангелскиот глас на Прилеп, првата средба со класичната музика и оперското пеење го има во Битола во државното музичко училиште во класата на професорката Марина Коруновска.Традиционлиот меѓународен натпревар ” Руска Романсијада” му ги проширува видиците кон класичната музика и го вбројува во еден од учесниците. Иако Озѓан  е само средношколец, во просториите на МОБ е избран  да ја претставува Македонија во Софија – Бугарија на професионален натпревар и негово ново музичко искуство, каде се закитува со третото место од страна на меѓународната комисија.

Озѓан во музичкиот свет се докажува и пред повеќе од дваесет илјади публика во Турција како претставник на нашата музичка култура. Дел од неговиоте ангажмани се и во организациите на хуманитарни концерти за деца од нашиот град кои имаале потреба од финансиска  помош околу медицински зафати.

Моќниот прилепски глас чија иднина допрва доаѓа, успешно се запишува на музичката академија во Штип во класата на маестро Борис Трајанов,  каде го доусовршува соло пеењето,  кое со сигурност ќе му донесе заслужена слава во светот кој со својот маестрален глас го креира прилепската надеж, а се со цел, во иднина да го претставува својот роден град и својата земја.И…ако музиката мора да биде музика што одговара , тогаш Озѓан ти си на вистинскиот пат ….само продолжи.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni