CSS Template

Искрена страница за инспирација на основците од „Страшо Пинџур“

102

Прилепските основни училишта активно се вклучуваат со креативни алатки на социјалните мрежи за да ги поттикнат учениците, покрај онлајн наставата, да ја пробудат нивната досетливост во создавањето на игри, или прибирање на нови знаења. Условите за учење се изменети, но сите мора да се прилагодиме кон состојбата, за доброто на секој, за семејството, за заедницата… Основното училиште „Страшо Пинџур“ Мало Коњари, деновиве создаде страница на социјалната мрежа facebook со привлечно име „Искрена страница“.  Страницата можете да ја пронајдете тука:  Искрена страница-ООУ „Страшо Пинџур“с.Мало Коњари 

 

Драги наши ученици,
сите не снајде неочекувано зло, невидлив непријател-вирус. Го пребродивме некако првиот шок, додека не ја прифативме вонредната ситуација. Ова е една страница каде секој кој сака може да напише искрено како го пребродил (пребродува) сето што се случува во нашата земја и Светот и како го скратува времето поминато дома,како се снајдува со учењето на далечина … Нека секоја ваша интересна активност дома биде инспирација за другите…Покажете ја вашата креативност…

 

Креативните наставници и страчната служба веќе започнаа со поставување на интересни содржини од кои издвојуваме една интересно видео:

கல்லிலே கலைவண்ணம் கண்டான்கைவிரலிலே ………. ……….

Posted by Naga Rajan on Friday, April 10, 2020

Можеби со овие креативни алатки, преку фотографии и видео и споделување на социјалната мрежа, ќе ги разбудат спомените кај родителите и бабите и дедовците за игрите во нивното детство, кои би сакале да им ги пренесат на новите генерации. Секоја идеја е добредојдена, но најважно е да се поттикне досетливоста и детската фантазија, потоа е се лесно!

semm
Vivafarm
Farma Dolneni