CSS Template

“Респект” за музичката група Респекти

Свадбената бајка започнува со нас !

611
Avtokontrol1

„Вашата Свадбена Бајка започнува со нас…“ е мотото со кое започна целата приказна на оваа скопска музичка група.Имено тие се дел од многуте  квалитетни музички имиња и групи кои ја одржуваат Македонската  традиција преку која ја искажуваат нивната уметност во нивен сопствен стил.Постојат 7 години на нашата музичка сцена, а доказ за тоа се нивните дела кои се цврсто пренесени на публиката.Група Респекти со својот труд енергија и жар пленат помеѓу младата популација каде што ги забавуваат за време на викендите, и тоа во многу познати клубови, дискотеки и познати кафе барови. Живите свирки , забави и свадбени моменти ги вбројуваат во една од најатрактивните музички групи во моментот. Овие екстра позитивни личности кои градат супер музичка кариера за Радио Пела велат дека во оваа ситуација најважно е здравјето на сите а за музика има време …пред нас е цел живот, велат тие.

Од 2013 година трае музичката бајка , која го “прелистува” секој музички хит на Респекти , каде петте членови со максимален ангажман го збогатуваат музичкиот репертоар на групата, потребен за преставување пред нивните фанови.Фронтмен на групата е Даниел Сидовски а покрај него се и Влатко Китаноски ( тапани), Стефан Стајиќ ( бас клавијатура) , дувачки инструменти Игор Димковски, Благоја Несторовски ( соло клавијатура).

Првиот музички хит на Респекти е “Авантура”, а потоа следуваат “Пуста да е печалба”, “Журка Лудило” како и “Свирете за зетот”, композиции кои полека но сигурно ја одсликуваат популарноста на група чии настапи музички изведби и појавувања се во голем број споделувани на социјалните мрежи.”Респект” за Респекти кои  во една ваква ситуација, остануваат верни на својата публика.Доследни на својот препознатлив ритам, во свој стил и вака преку виртуелна изведба.

https://www.facebook.com/grupa.respekti/videos/2649812168636750/

И како што велат самите , ве сакаат и респектираат група Респекти, во овие празнични моменти ги честитаат празниците , искрено од се срце , исто како и што музицираат.

Со Бог во мислите, со волја во срцата, здравје мир и љубов во вашите животи, ви честитам јас и мојата група Респекти, Среќен Празник Велигден “Христос Воскресе”🙏

semm
Farma Dolneni
Vivafarm