CSS Template

Државна помош и бескаматни кредити за земјоделците

322

Државна финансиска помош ќе добијат регистрираните земјоделци и фирмите кој работат во оваа дејност и имаат загуби поради корона-кризата . Тие, од серда , ќе можат да аплицираат за бескаматни кредити т.н  ковид-2 од Развојната банка. Услов за добивање на помошта е земјоделците да докажат дека приходите им се намалени за повеќе од 30 % во изминатите четири месеци од годинава. Оние земјоделци кој ќе докажат дека имаат пад на прометот ќе можат да добијат 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.

Бескаматните кредити ќе се отплаќаат три години и ќе имаат грејс-период од 12 месеци. За добивање на овие средства услов е компанијата која ќе аплицира да има намален приход за 30 отсто споредено со истиот месец лани или, пак, со вкупниот месечен приход од 2019 година. Една компанија ќе може да аплицира за најмалку 3.000 евра, а најмногу 90.000 евра. Висината на средствата што ќе ѝ се доделат ќе зависи од бројот на вработени.

Освен оваа мерка, како дел од пакетот мерки за помош на земјоделството е и зголемената финансиска поддршка за оставено женско јагне за 800 денари која сега вкупно изнесува 2.500 денари. Ова мерка која е наменета за помош на сточарството наиде на позитивни реакции од сточарите. Сепак тие велат дека ефектите од оваа мерка ќе можат да се видат на крај на јуни кога ќе заврши процесот на евиденција и кога ќе се знае колку женски јагниња се оставени и кој колку пари ќе добие.

Доколку се исполнат планираните проекции, вкупната сума од буџетот кој ќе се издвои за оваа мерка ќе изнесува 8 милиони евра. Од ресорното министерство велат дека сите овие мерки се планирани заедно со земјоделците и здруженијата на одгледувачите и оти секоја мерка се мониторира за да се види дали дава резултати.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni