CSS Template

(Видео)Прилеп и ООУ Гоце Делчев им оддадоа почит на македонските великани !

164
Avtokontrol1

Во изменети услови без организација на традиционално бројни делегации во Прилеп, и власта и опозицијата им оддадоа почит на двајцата македонски идеолози и револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев.Почит на својот патрон му оддадоа и претставници од ООУ “Гоце Делчев„ поклонувајќи му се и положувајќи цвеќе пред бистата која се наоѓа во кругот од училиштето. Кратки видео пораки за Гоце Делчев во стихови, подготвија и учениците  од  4 г одделение по повод патрониот празник  на своето училиште, а под менторство на наставничката Даниела Котеска . Видеото е со поддршка на продукциската куќа –  FUN PRODUKCIJA ZORAN PILATA од Прилеп.

„Кратки видео пораки по повод Патрониот празник“

Кратки видео пораки од нашите вредни дечиња од 4 г одделение по повод Патрониот празник на нашето училиште под менторство на наставничката Даниела Котеска со несебична реализација од страна на FAN produkcija – Zoran Pilata 🙂

Posted by ООУ "Гоце Делчев" – Прилеп on Monday, May 4, 2020

Во знак на почит и одбележување на 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев и 108 години од смртта на Пере Тошев, градоначалникот Илија Јованоски заедно со претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, положија цвеќе на нивните спомен обележја.

Пред спомен бистaтa на македонскиoт револуционер Гоце Делчев и гробот на Пере Тошев во дворот на црквата „Свето Благовештение“ се поклонија и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, како и претседателот на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Ирена Стерјоска и пратеникот Ана Лашкоска.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni