CSS Template

Тутунски комбинат ја зголеми продажбата на домашениот пазар

269

 

Тутунски комбинат во првиот квартал од оваа година ја зголеми продажбата на своите производи на домашниот пазар и оствари приходи од продажба во висина од 15,77 милиони денари, што е раст за 23,5% во однос на истиот период лани кога тие изнесуваа 12,76 милиони денари.

Во овој период, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и затворените граници, ТКП не оствари  приходи од продажба во странство. Во истиот период лани остварениот приход по овој основ изнесуваше дури 39,39 милиони денари.

ТКП традиционално, поради сезонскиот начин на работа што вклучува исплата на откупениот тутун, во првиот квартал од годината искажува негативни финансиски резултати. Минатата година првиот квартал беше со искажана загуба од 48,54 милиони денари.

Тутунски комбинат минатата година ја заврши со добивка која изнесуваше 32,9 милиони денари

semm
Farma Dolneni
Vivafarm