CSS Template

Нови 14 дена вонредна состојба која почнува од утре

299
Avtokontrol1

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.

-Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.

Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

На Владата и посочи дека и покрај високите бројки во некои делови од државата, рестриктивните мерки не треба да се воведат на целата територија.Од лидерите на политичките партии побара да бидат на висина на својата одговорност и да договорат датм за избори бидејќи техничката влада има лимитирани можности.

Инаку ,во  Прилеп денеска (30-ти мај) нема новозаболени од коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 44. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 8 лица, од кои 7 се позитивни на коронавирус.

Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni