CSS Template

Водовод ќе врши ревидирање на сметките за вода

626

Доколку се повисоки од вообичаените кои ги добиваат домаќинствата ЈКП „Водовод и канализација„- Прилеп ќе врши ревидирање (исправка) на сметките за извршени услуги. Ова, по реакции од граѓани до нашата редакција, кои се пожалија на повисоки сметки за услуги добиени од  ЈКП „Водовод и Канализација„ за изминатите месеци.

„Како да полнам еден базен секој месец “-  вака опиша една  наша слушателка , сакајќи да реагира на високата сметка за услугите на ЈКП „Водовод и канализација„ – Прилеп.

„Со оглед на тоа што во периодот кога беше вонредната состојба и забраната за влегување во домовите, ЈКП „Водовод и Канализација“-  Прилеп не беше во можност  да ги чита водомерите. 90% од граѓаните и домаќинствата  не сакаа да им влегуваме во домовите  и од тие причини,  извадовме годишен просек, за потрошени кубици на вода и на тој начин ги дистрибуиравме сметките во предходните месеци. Веднаш штом заврши вонредната состојба  и пандемијата, нашите инкасатори ќе излезат на терен и ќе ги прочитаат водомерите и ќе ги ревидираат состојбите. Доколку е некој во преплата, нема да му биде фактурирано, а доколку некој потрошил повеќе вода, ќе треба да ја доплати за водата која што ја потрошил„-истакна Емил Јанески, дир. на ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп

                                Градските  Фонтаните ставени во функција!

Што се однесува до фонтаните во Прилеп,  Јанески истакна дека ЈКП нема капацитет да ги одржува, па за тоа е ангажирана фирма. 2014 договорот за оджување изнесувал 5 милиони денари само за фонтаната пре Комерцијална банка. ЈКП Водовод и канализација , сега, за трите фонтани: кај Карпалак, Комерцијална банка и пред споменикот на Марко Цепенков, има договор за одржување, и за истите активности,  сумата на договорот е 800 илјади денари. Со цел да излезе вистината тој и ги повика на дуел преставниците од ВМО ДПМНЕ кои биле на власт во предходните години, да дебатираат на сите теми поврзани со водоснабдувањето во Прилеп на некој од националните ТВ медиуми.

Тој нагласи дека ЈКП Водовод и канализација –Прилеп е едно од најуспешните јавни претпријатија во  во Македонија и Балканот кога станува збор за финасиската кондиција и техничкиот напредок  на претпријатието ,и денес создава капитални проекти.  “Смо во овој момент работиме на повеќе од 10 локации во градот“- рече Јанески на денешната прес конференција поттикнат од обвинувањата на ОК на ВМРО ДПМНЕ ,на 30 мај, дека парите на граѓаните,  за фонтаните во градот да бидат функцонални, чисти и уредни, се злоупотребени.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm