CSS Template

Прилепскиот млад музичар со прекрасна харизма и прва песна „Тебе те нема„ ја освојува публиката

1.490

Прилепскиот млад музичар , Филип  Николоски, со неговата песна-првенец, насловена  „Тебе те нема„  започнува со сериозни музички чекори. Песната, веднаш ги освоји срцата на публиката со нејзиниот мелодија, ритам и добра музичка изведба. Со самото нејзино излегување и промовирање, излезе и прекрасниот спот  (погледнете го подолу во текстот ) кој го прикажува Прилеп од височините на планиските карпи,  и поглед својствени само за овој предел.  Сета оваа музичка композиција го прави ритамот на песната да биде впечатлив и пренесува една убава музичка приказна.

Песната, „Тебе те нема„  вели Филип  ,се подготувала повеќе од два месеци,  од февруари,  и едвај чекал да ја отпее во студио , и да излезе во етер,  да допре до пошироката публика. Песната раскажува за сеќавањата на една изгубена  љубов, „познате тема„ , чувство на напуштеност, но  кое прави да се присетиш на сите убавни нешта, чувајќи ги спомените во срцето“.

Авторската песна на  Филип  Николоски „Тебе те нема„  го потврдува и богатиот гласовен опус на  момчето со прекрасна харизма и музичка дарба ,  кое често го среќаваме во прилепските локали каде ги забавува гостите и ги пее најубавите балкански  хитови и песни, од различни жанрови.  Филип Николоски има завршено основно музичко училиште и со клавијатура и музика се занимава од мали нозе,а по завршувањето на средно училиште , веќе храбро го покажува својот талент и на публиката која ја освојува со својата харизма и чисто музичко срце.

Текстот и музиката на песната  „Тебе те нема„  во изведба на Филип Николоски,  се на Гоце Илиески Балада,  аранжман на Рубин Димоски , а спотот е изработен од „Фан Продукција – Пилата „.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni