CSS Template

Обилните дождови направија проблеми во населба Сточен пазар (ВИДЕО)

201

Поројните дождови направија „езера“ во населбата Сточен пазар. Реката се излеа од своето корито и надојдената вода создаде проблеми на градежната оператива која што го гради новиот мост во оваа населба. Поради обилните дождови затворена за сообраќај е улицата „Трајко Николоски“ која што е главна сообраќајница во оваа населба, соопшти Општина Прилеп.

Posted by Stavrula Zafirovska on Thursday, August 6, 2020

Општина Прилеп изработи проект за привремен режим на сообраќајот, со кој во следните 60 дена улицата „Трајко Николоски“ ќе биде целосно затворена за движење на моторни возила, освен за жителите од оваа улица.
После завршувањето на градежните активности на новиот мост, улицата „Трајко Николоски“ ќе биде повторно ставена во функција, за што граѓаните ќе бидат навремено известени, се вели во соопштението на Општина Прилеп.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni