CSS Template

На принцип „состави сам“ средношколци креираа протеза рака, достапна за сите лицата кои имаат недостиг на рака

128
Avtokontrol1

Изгледа чудно за млади луѓе,  но е веројатно ! Млад тим креативици, на само свои 16 –есет години , се обидуваат со голема упорност да го променат светот на стереотипите за лицата со попреченост, за деца кои имаат ампутиран горен екстремитет , за возрасни оние кои имаат потреба од „вештачка„ рака, електронска протеза, односно бионичка рака. Нивната иновативна идеа наиде на голем интерес, бидјеќи ги заменува  скапите бионички протези

Тимот  средношколци, од средното училиште „Јахја Кемал“ , насловен како Тим Бионик (Bionic ) – Орхан Багашов, (задолжен за дизајнот), Тео Китановски, (за програмирањето), Анамариа Илиева (за изработка на веб-страницата) и прилепчанецот , Борис Ночески, (за менаџирање на социјалните мрежи) направија бионичка рака или електронска протеза, за лица со недостаток на горен екстремитет, које има низа преднсти од постоечките на пазарот .

Станува збор за 3Д печатена бионичка рака (електронска протеза) што функционира со помош на мускулни сензори кои ги читаат импулсите на мускулите на подлактницата и е наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет. Предноста на овој модел е што раката е економична, достапна за сите и едноставна за израбока на принцип “направи сам„ . Раката има повеќе различни димензии, што значи дека ќе биде надградлива за деца и за  тинејџери чие тело континуирано се развива. Но, ќе има и ниската цена , што овозможува раката да биде достапна за сите на кои им е потребна.

„ На пазарот, цената на овој производ е нeдостапна за луѓе од повеќе земји, а и вградувањето на оваа протеза моментно се сведува само за лица над 18 години поради растењето на нивното тело.  Сегашната цена на пазарот се движи од 7.000 до 10.000 долари,  а нашиот модел може да го добие  секој,  за цена од 150-200 евра, и дома на 3Д принтер нарачувачот може сам да ја направи бионичка рака,  прилагодена на своите потреби, што овозможува  рака да биде достапна за сите генерации и за околу 50 пати да бие поефтина од наједноставните бионички раце на пазарот.Така дојде и до идејата! Истражуувавме и увидовме дека во светски рамки околу 12 милиони луѓе имаат недостиг на рака, горен екстремитет, вроден или ампутација, а од нив, околу 80% се во земјите во развој или сирмашните земји, а само 3 %  од луѓето можат да си дозволат да набават некоја од бионичките раце кои се наоѓаат на пазарот “  – потенцира,   причепчанецот, Борис Ночески на гостувањето во Радио Пела 

#UbavDenSoRadioPela

Четворица средношколци, иноватори, креираа електронска протеза на рака достапна за сите лица кои имаат недостиг на горен екстремитет. Наш гостин, Борис Ночески, дел од тимот иноватори.

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Sunday, August 9, 2020

 

„Сега  ,секој кој има потреба од бионичка рака ќе може да ја избере својата големина на раката, да ги симне бесплатните модели за 3Д печатење преку Интернет, да ја испечати конструкцијата на 3Д печатач, да ги нарача останатите делови од Интернет и да ја состави сам без никакво претходно искуство во период од 6 – 7 часа.  3Д печатењето станува сѐ подостапно за сите, но доколку некој нема 3Д печатач и не знае како да ракува со него, би можел да ги нарача деловите од фирми кои нудат услуги за 3Д печатење, А, и ние би можеле да му помогнеме  како тим, кој засега има планира овој патент да го задржи “ –  раскажува, средношколецот, Борис Ночески 

Идејно решение започнува кога тимот одлучува да аплицира на темата „Дигитална Инклузија“ а желбата да им се помогне на луѓето,  беше нивни предизвик. Иако, нивната основна задача   во рамките на овој предизвик беше да креираат дигитални решенија за поактивно вклучување на децата и на младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот.

„ Прототипот го направивме на работилниците од Generation Unlimited – Младинскиот предизвик за дигитално решение за лица со посебни потреби од УНИЦЕФ и ја добивме наградата за успешен иновативен проект од 1.000 долари за развивање на нашиот прототип. Раката ја испробавме на жена која – велат Борис Ноческиод  тимот Бионик.

Остантите три месеци тимот ги поминаа во создавае на првичната верзија на електорнската рака. практичноста на раката тимот ја испроба на жена од Тетова, Маја,  која е без рака и работи во текстилната индустрија ,со што се потврди дека бионичкста  раката е функционална, а Маја ја составла за еден час.

Денес  Тимот Bionic со својата иновативна идеја e еден од двата тима, избрани да ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик „Генерација без граници“ кој ќе се одржи во спетември и на кои ќе учествуваат над 80 земји од светот.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm