CSS Template

Стартот на првенството ФК Победа го започна со победа

92

Денеска стартуваше новиот шампионат од Второлигашката конкуренција- Исток.

ФК  Победа на стадионот на Могила со победа го започна првенството . На домашен терен  со 4-1  брзо, ефикасно, пред гостинската екипа на  Кит Го да се соземе,  во неверојатно фудбалско одлично прво полувреме, фудбалерите на Победа ги постигнаа четирите гола преку Јошески, Димоски, Димитријески и Анѓелески.  Победникот беше решен речиси во првите 15-тина минути, кога за кратко време двапати се тресеше мрежата на гостите од Пехчево.

Гостите не се созеа од овој „блиц – удар“ на Победа, па успеаа на крајот од натпреварот, во судиското надополнување, да  ја ублажат катастрофа преку Ступиќ.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni