CSS Template

Три гола во мрежата на Росоман – Победа до нови бодови (ФОТО)

101

Победа попладнево на стадионот на Паркот на Револуцијата , рутински триумфираше со резултат 3:0 против Росоман 83. Гостите иако мотивирано истрчаа на теренот сепак прилепчани знаеа како да го искористат секое невнимание на гостите во својот казнен простор.Така и тргна дуелот веќе по првиот прекин Димоски (7мин) со глава го отвори резултатот  кој важеше на полувреме. Во вториот дел црвено белите го подигнаа нивото на игра и заслужено постигнаа уште два нови гола.Димоски постигна уште еден(59мин) а на 15 мин пред крајот Митрески (75мин) го постави конечниот епилог на мечот.

Победа со вториот овосезонски триумф е на првата позиција во источната половина од второлигашкото друштво. Во второто коло во останатите дуели : Тиквеш – Кожув 1:1 , КитГо – Осогово 3:3 , Слога Виница – Саса Каменица 2:1 и вчера Брегалница – Пљачковица 3:1.Победа на врвот има 7:1 пред Брегалница со 4:1.Во следното 3 коло на 12 Септември се среќаваат: Саса-Победа, Росоман-Кит Го, Осогово-Тиквеш, Кожуф- Брегалница и Плачковица-Слога Виница.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni