CSS Template

Прилеп во чест на празникот

202

Прилеп денеска го одбележа 8-ми Септември, Денот на независна и суверена Македонија. По повод 8-ми Септември од независноста на државата, делегации од Општина Прилеп, институции, прествнци од политички партии, Сојузот на борци, здруженија и граѓани …положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените.

Сонот за самостојна и независна македонска држава, вековниот стремеж за кој животот го положија илјадници борци и патриоти, стана јаве на 8 септември 1991 година.Преку јасно изразената рефендумска волја на граѓаните за своја суверена држава, го исполнивме аманетот на нашите славни предци и се обврзавме пред идните поколенија да ја чуваме татковината, да ја градиме како демократско, развиено и европско место за квалитетен живот на сите граѓани.

Не заборавајќи на жртвите, премрежјата и предизвиците со кои се соочивме на патот до слободата, остварувајќи ја нашата стратешка цел за членство во НАТО алијансата, одлучно и непоколебливо продолжуваме на патот за полноправно членство и во Европската Унија.

Сплотеноста и единственоста, нека бидат нашите водилки до остварувањето на нови заеднички успеси и нови, европски можности за генерациите кои доаѓаат-истакна градоначалникот на Прилеп и во свои еиме и  име на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8 -ми Септември, Денот на независноста.

Од најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ,  од ОК – Прилеп , потпредседателот Дејан Проданоски на овој ден исаткна:
Во овие 29 години, македонскиот народ се изнагледа се’ и сешто, така и на овој 8-ми Септември сме сведоци на празнување на Влада и премиер кои се срамат да го кажат вековното име на својата држава и својот народ. Последните 2 години Денот на независноста го дочекуваме обезличени со ново име, што е спротивно на идеалите на стотици и стотици борци кои со живот платиле за Македонија да биде слободна и независна држава. Затоа денеска од Могилата на непобедените ги повикуваме сите граѓани утре со почеток од 18:00 часот пред Министерството за правда да се приклучат на првиот протест против мафијата која владее со Македонија. Веруваме дека јубилејот 30 години независност ќе го празнуваме во држава која конечно ќе зачекори напред и каде ќе има повеќе за секого!“

По повод 8-ми Септември,  Денот на назависноста на Македонија,се одржа и кровдарителска акција во организација на ОО на Црвениот Крст -Прилеп , Општина Прилеп,  Стопанската комора – Регионална комора Прилеп, Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Институтот за трансфузиона медицина. На крводарителскта акција присутвуваше и  градоначалникот на Оптшина Прилеп Илија Јованоски,кој даде своја поддршка на оваа хуманиарна акција.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm