CSS Template

До кога новинарите ќе бидат мета ?!

41
Avtokontrol1

Ако некоја професија на денешницата во Македонија е девалвирана по сите основи, тоа сигурно е новинарската. Вербални напади, закани – скриени или јавни, осуди за објавени прилози или текстови, забелешки за „провокативни прашања“, тоа е дел од „арсеналот“ со кој што новинарите се соочени, вршејќи ја својата дејност и должност кон јавноста. Некои од нив се пријавени до службите, во полицијата, но, најчесто во борбата за егзистенција, во трката за опстанок и како индивидуи и како медиуми, новинарите не пријавуваат .  

Последниот физички напад кон екипата на Ал Џaзира е само еден од низата кој што резултираше со пријава до МВР. Имено, според исказот на новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира, вчера во Скопје на протестот кој во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарската екипа била нападната и попречена во вршење на своите професионални новинарски задачи. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако непознатотo лице прашалo од кој медиум е екипата, имало физички контакт со нив, по што го турнало микрофонот на новинарката.

Новинарката Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осуди  нападот кон новинарската екипа на Ал Џaзира и побараа од МВР да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

Кон осудата на овој напад на новинарската екипа се приклучува и редакцијата на Радио Пела, и воедно апелира до институциите, до граѓаните и јавноста, фрустрациите од кризата во која што живееме, поединци и групи, да ги насочат кон создавање на позитивни дела, а не со агресивно физичко или вербално однесување кон новинарите.

– Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните, се вели во осудата од Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници .

На крајот да се потсетиме на изреката – Не е крив самарот, туку магарето !

semm
Farma Dolneni
Vivafarm