CSS Template

Киро Здравески, Предлог бр. 2 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“- Спортски џудо ветеран за пример

396

Вљубеник во џудото – Иницијатор на Првото Државно првенство за ветерани во џудо, во историјата на Македонија. Тоа е човек кој ви дава верба дека годините не се пречка, туку се само изговор. Тоа е лик кој ќе ве охрабри, ќе Ве бодри,  ќе ви даде доверба и ќе ви помогне да ги совладате тешкотиите, но и да ги научите вештините и техниките на еден од најплеменитите боречки вештини – џудото.

 Неговото учество во ЏК Сеишин – Прилеп само ја надоплнува сликата дека искуството споено со младоста може да создаде врвни спортисти и добри, племенити луѓе и граѓани. Денес,тој е постојано со младите и се наоѓа секојдневно на трнинг, на Могилата на непобедените, учејќи ги најмладите за здравиот спортски дух.

  Киро Здравески, има 69 годин и сеуште активно им ги пренесува џудо вештините на помладите. Тој е поборник на идејата дека џудото овозможува одличен физички и психички развој на човекот. За време на карантинот, преку отворената прогрма на Радио Пела, #SediDomaSoRadioPela ни прикажа многу вежби преку Скајп, со цел да го одржи спортскиот дух и да ги потикне младите да продолжат со одржување на нивната психофизичка кондиција.

Тој е човекот кој го иницира Првото во историјата на Македонија, Државно првенство за ветерани во џудо , кое се одржа април минатата година, со што ги врати македонските џудо ветерани, поранешни шампиони, актуелни тренери и долгогодишни вљубеници во џудото на татамите.

И, тука не застана во намерта да го развива овој спорт. Како претседател на Иницијативниот одбор на џудо ветераните, Киро Здравески, остври средба со амбасадорката Кеико Ханеда од Јапонија, притоа пренесувајќи  и колку оваа боречка вештина се применува во Прилеп, во Македонија, договарајќи за одржување на бројни семинари во Македонија на кои би присуствувале јапонски стручни лица по џудо.

Киро Здравески на средба со амбасадорката Кеико Ханеда од Јапонија

Киро Здравески (1951 г.) почнал да тренира џудо од 1969 година во ЏК Прилеп. Од оправдани причини по една година прекинува. Во 1977 година тој на Државното првенство во Гостивар во категорија до 60 кг станува државен првак и џудо репрзентативец. Својата натпреварувачка кариера ја завршува 1984 година.

Но, од силната љубов кон спортот пред неколку години повторно се враќа во џудото и како Претседател на одборот на Ветерани уште акитвно учествува на бројни семинари, учејќи ги новитетите за едукација на млади џудисти. Тој е  пример дека џудото се вежба од 7 до 77 години, односно дека токму оваа боречка вештина не е само спорт, туку и начин на живот.

МОТО: „ Борењето е вечна борба со самиот себе, а џудоте е начин на живот“

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

semm
Farma Dolneni
Vivafarm