CSS Template

Нема да се одржи џудо турнирот „Прилеп град херој„, но ќе се одбележи..

183

Поради пандемијата, годинава нема да се одржи традиционалниот меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој “ кој години наназад се организира по повод националниот празник „11 Октомври“, во организација на Џудо клубот „Сеишин“ , во соработка со Џудо федерацијата на Македонија.

Организаторите велат дека ги почитуваат владините одлуки за заштита од КОВИД 19, па турнирот после едно децениско постоење за прв пат нема да се одржи, но ќе се одбележи.

Имено утре, (сабота во 12.00 часот) на Парк на Могилата (главен влез наспроти Кермес кај справи за вежбање) холандско здружение на ЏК Сеишин – Прилеп ќе му додели спортска опрема наменета за потребите на клубот , за постигнување на повисоки резултати и на тој начи ќе се одбележи и регистрира дека на овој ден требаше да се одржи џудо турнир „Прилеп град херој “.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni