CSS Template

Рекордно висок процент на новозаразени

259
Avtokontrol1

Во последните 24 часа, денеска недела, 11 октомври, се направени 1648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на Kовид-19, информира Министеството за здравство. Од нив најголем број има во Скопје со 201, нови случаи, а Прилеп е повторно во врвот со 20 новозаразени од корона вирус.

Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти, меѓу кои нема ниту еден од Прилеп.

Досега се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19, од кои од почетокот на епидемијата вкупниот број изнесува 20937. Бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 3951.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm