CSS Template

Славчо Кузманоски нови командант на касарната „Мирче Ацев“

182
Avtokontrol1

Нов командант на артилериски баталјон  на првата пешадиска бригада во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп е потполковникот Славчо Кузманоски, досегашен заменик на командатот , потполковникот Ѓорѓи Василевски, кој денеска со воена свечаност му ја предаде должноста на својот колега.

На свеченоста присуствуваше Началникот на ГШ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, Командантот на Командата за операции генерал,  мајор Павле Арсоски , Kомандантот на првата пешадиска бригада , полковник Бесник Емини и  Kомандантите на единиците од првата борбена бригада, како и градоначалниците на општините Прилеп и Новаци.

Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање, командантот на Првата пешаадиска бригаа , полковник Бесник Емини, му се заблагодари на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати за време на неговото командување со единицата, а на потполковникот Славчо Кузманоски  му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност. Во своето  обраќање полковникот Емини, истакна „Да се биде командант на баталјонот кој претставува железна тупаница на првата бригада и без чија поддршка не би можеле да функционираат и останатите единици во Армијата, претставува огромна чест но и обврска “.

Досегашниот командант, потполковникот Ѓорѓи Василевски, во својот говор меѓу другото им оддаде признание на припадниците на баталјонот за вложениот труд во извршувањето на задачите и предизвиците со кои единицата успешно се справуваше во текот на неговото командување, а на новоназначениот командант му порача „Ти ги оставам во аманет баталјонот и овие прекрасни луѓе твои соборци , да ги водиш , со ум и лидерство кои недвосмислено  ги имаш!“

Потполковникот Славчо Кузманоски, се заблагодари на укажаната доверба, за поставување на оваа одговорна должност,ветувајќи дека ќе го даде својот максимум,  за постигнување на уште подобри резултати во извршувањето на своите задачи во иднина.

На крајот  свеченоста заврши со, свечено примопредавање на военото знаме на баталјонот помеѓу командантите.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni