ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

22 години успешно постоење на Општина Новаци

841

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Славко Лумбарковски во истоименото централно училиште, како и на гробот на загинатиот херој Пеце Матичевски родум од Новаци, а загинат во конфликтот во 2001 година, денеска започнаа чествувањата по повод 22 години успешна работа и опстојување на Општина Новаци. На свечената седница на Советот на општината свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузманоски.
-Општината важи за една од најдобрите и најуспешните рурални локални самоуправи во државата. Со посветеност и макотрпна работа тоа темпо уште повеќе ќе го надоградуваме и развиваме, се со цел да им го зголемиме квалитетот на живот на нашите жители и да ја направиме општината подобро и поубаво место за живеење . “ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.
На своите соработници и пријатели, поддржувачи на работата на општината, градоначалникот Кузманоски додели благодарници на: ЕЛЕМ, РЕК, ФОД, УЈП, Македонска пошта, ЦУК, МВР, ПЗУ Даскал, ДЗС, како и на нашиот медиум Радио Пела за досегашната соработка, но и за продолжување на соработката во наредниот период.
По повод денешниот ден беше организиран и отворен ден во Општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.
На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми, Кузманоски посебен акцент стави на понатамошниот развој на општината и многубројните планирани проекти за реализација во наредниот период.
Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: