CSS Template

Двајца прилепски млади ракометари ги промениа дресовите од матичниот клуб

489
Avtokontrol1

Талентираниот и млад прилепски ракометар Давор Шокоски, (21) ,синот на некогашниот ракометар на Тутунски комбинат, Боро Шокоски и прилeпското момче, Димитар Димитриоски (21), синот на Оливер Димитриоски, тренерот на Металург, ги промениа дресовите. Младите ракометари, инаку добри пријатели, преминуваат во други клубови.

Левиот бек, на РК „Прилеп“, Давор Шокоски од идната сезона  настапува за екипата на РК Бутел – Скопје. Тој деновиве потпиша двегодишен договор со Бутел и останува во Скопје

„Сакам да се заблагодарам на Бутел за укажаната шанса. Пресреќен сум што ќе соработувам со одличен тренер, одлични и искусни играчи кои зад себе имаат многу години стаж во македонската Суперлига и интернациоланите купови. Се надевам ќе добијам шанса да се докажувам, но пред се да се надоградувам како играч. Ќе работам напорно за да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања, “ вели Шокоски на фејсбук

Шокоски произлегува од младинската школа на ФК Прилеп. Освен како лев бек , тој одлично се снаоѓа и на плејмекрската позиција. Со неизвесноста на постоењето на РК Прилеп  поради долгови кон играчите и стручниот штаб, голем дел од ракометарите го напуштија клубот пред завршувањето натпреваручката сезона 2018/2019 ,па клубот настапите ги продолжи со подмладокот и се најде на предпоследното место на табелата во Супер лигата, со само 10 освоени бода.Шоколски еден кои исто така замина пред завршувањето на полусеозоната.

Димитар Димитриоски, пак, го променува дресот на неговито матичен, Металур во вардаровиот дрес  .Младиот репрезентативец на Македонија, Димитриоски сега е нов член на Вардар. Левото крило на Металург, потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” .Тој играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина , сите младински селекции во репрезентацијата, сезонава го освои и Купот на Македонија со својот матичен клуб,  играше во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

„Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост.“-истакнаа од Вардар, на нивната официјална веб страна

 

Vivafarm
Farma Dolneni