CSS Template

“Абер”за сите генерации од пејачката Стојне Николова

Крушево абер пристигна - вирален македонски хит

2.397
Avtokontrol1

“Прекрасно се наежив” , “Кој не се наежил не е Македонец” , “Македонијо , земјо убава”.Ова се дел од коментарите на публиката на македонската пејачка Стојне Николова , откако го слушна и виде спотот на “Крушево абер пристигна” , хитот кој допре до сите генерации.Николова и нејзиниот тим успешно влегоја “во филмот” кој ги натера фановите да го стават на “replay” ова ремек дело од легенедарната Васка Илиева.”Мелемот за душа” како што ја нарекуваат фановите , со оваа музичка варијанта успеа една традиционална македонската песна да ја преточи во екранизирана  приказна за македонската Јованка Орлеанка , за Тодорка комита токму како што раскажуваат стиховите во неа..

Стојне за Радио Пела вели дека овој “абер” во неа разбудил силни емоции кои едноставно не ја оставиле рамнодушна во ниту еден момент , и кога се реализирал овој музички проект,  и кога веќе луѓето ја пеат песната заедно со неа на нејзините настапи.Што значи дека Николова само ја надогради македонската традиција , оставајќи белег на македонската естрада и видео кое е вистинско освежување на македонската фолк сцена.

Динамичната струмичанка ни најави интензивни настапи , нова авторска песна , снимање на нов материјал во живо како и турнеа во далечната Австралија во месеците Март и Април.

semm
Farma Dolneni
seishin
Semafor
Vivafarm