CSS Template

Андреј Маџоски e “прилепски бисер” во велосипедизмот

Маџоски е вистински адут на ВК Илинден

988
Avtokontrol1

Гледањето велосипедски трки на телевизија , желбата на “точак” уште од мал , се клучните фактори за определбата на прилепскиот бисер во велосипедизмот,  Андреј Маџоски , да седне на велосипед и да се натпреварува за својот клуб,  велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп.Условот да се трка под капата на федерацијата,  Маџоски го достигнува со својата десет годишна возраст кога  за прв пат од својот матичен клуб добива кацига , гардероба, наочари, шпринтерици и нараквици, и влегува во конкуренција за висок пласман во својата категорија.Маџоски за Радио Пела вели дека  иако неговите другари сметаат дека е доволно само да се седне на велосипед и да се вози,  сепак тоа не е така едноставно.Потребни се вели тој,  техники кои треба да се совладаат за да биде целосниот настап односно  возењето на потребното ниво.Како на пример, правилна исхрана пред тренинг и натпревари,  дишењето кое треба да биде во ритам со возењето, правилни обртаи на преносот при разни терени и услови на патот итн.Во продолжение откриваме и дел од разговорот со прилепската гордост во овој спорт.

Радио Пела : Што треба да знае една млада личност за да тргне по стапките на своите ментори , на што треба да бидат подготвени велосипедистите ?

Маџоски : Од самиот почеток потребно е да се има голема одговорност и знаење за овој спорт бидеjќи тренинзитe се одвиват на отворени патишта во сообраќај со други возила и при поголеми брзини.Познавањето на сообраќајните прописи и правила е неопходно за овој спорт.Кога дозволува времето како што веќе кажав тренинзите ги изведуваме на отворен пат а во овие зимски услови тренинзите ги изведуваме на специјални тренажери за возење во просториите на клубот.

Радио Пела : Каде ги реализираш тренинзите, треба ли претпазливост и кога тренираните ?

Маџоски : Со останатите членови од клубот најчесто тренираме во околината на Прилеп по стариот пат кон Битола, до превојот Слива кон Мариово , кон  Кривогаштани и околните населени места,патниот правец кон Македонски Брод и околните места, но и насекаде каде што има асвалт и каде што дозволуваат условите на патот.При тренинзите и трките бидеjќи поминувам подолго време на отворен простор заштитната опрема е задолжителна така што ме штити од разни временски услови како што се  ветар, јако сонце, дожд, прашина но и од случајни падови.Таа се состои од заштитна кацига,наочари,нараквици, патики-шпринтерици и соодветна гардероба.Понекогаш тренинзите ни се пропратени и со интересни случки,  како на пример кога ќе не забркаат кучиња по околните населени места, ни се случува да ни се дупне гума, еднаш кога  се враќавме од превојот Слива наеднаш не зафати големо невреме со силен дожд,  затоа што не можевме да возиме мораше да се засолниме под едно дрво и да почекаме да не земат.

Радио Пела : Припреми за тренинг , најдолги тренинзи , која е најголемата брзина на возење која ја имаш достигнато ? 

Маџоски : Припремата за тренингот ни започнува еден до два часа пред почетокот на самиот тренинг,  со тоа што треба да внесеме храна богата со јагленохидрати и добро да се хидрираме. Пред да седнеме на “точакот”  се раздвижуваме и истегнуваме а потоа возиме околу 5 км  за да се загрееме и во зависност од тоа каков тренинг имаме возиме од 30 до 60 км, во продолжение од 40 до 70 мин.На припремите кои се одржуваа изминатата година во Охрид во организација на ВФМ се стекнав со многу искуство бидеќи тренинзите се одвива во групи со искусни велосипедисти.Особено впечаток ми остави тренингот околу Охридското езеро во прекрасна природа а во должина од околу 100 км.Секогаш возам на асвалт но во зависност од тренингот може да биде на рамно, нагорнина или комбинирано.Тренинг со најголема нагорнина имам  на патот  до манастирот Трескавец.Најдолг тренинг ми е од Прилеп до Македонски Брод и назад во должина од 80 тина километри.Најголема брзина со која што имам возено е 75km/h.

Радио Пела : Пред тебе е одлична кариера во велосипедизмот , каде се имаш настапувано и твои успеси ?

Маџоски : Трки на кои ги имам возено и ми оставиле поголем впечаток се Куп на македонија во Кичево  каде го освоив 1-вото  место како и  државно првенство хронометар во Велес со освоено 1-во место.Покрај забележителните  резултати на трките кои се бодуваат за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија, имам освоено второ место во генерален пласман за 2018 год. во категорија У-13 друмски велосипедизам како и трето  место во генерален пласман за 2019 год во категорија У-15 друмски велосипедизам.Постигнати резултати на на меѓународни натпревари ми се Критериум Божурица – Куп ДРАГ Софија – 7-мо место, Витоша Апхил – Куп ДРАГ Софија 5-то  место како и генрален пласман на “Куп ДРАГ – Софија“ – 6-то место.

И навистина овој наш “прилепски бисер” во светот на велосипедизмот допрва има што да каже во својата кариера , допрва следувааат неговите пет минути, а сите ние се надеваме на уште поголеми резултати со “точакот” , секаде каде и да се појави.Како за почеток во 2020 година , Андреј Маџоски доби заслужно признание од град Прилеп како еден од најдобрите десет млади спортисти во градот под Марковите Кули за претходната натпреварувачка 2019 сезона.Андреј е роден на 2-ри Септември  2006 година и учи во основното општинско училиште Климент Охридски.

semm
Semafor
seishin
Farma Dolneni
Vivafarm