ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

1.195

„Мермерниот кобинат“ Прилеп и годинава ќе реализира експлоатација на 30.000 метри кубни мермер и производство на близу 70.000 метри квадратни мермерни плочи. Најголемиот дел од производството е наменет за странство каде мермерот Сивец највисоко котира и неговата побарувачка е секогаш голема. Се подготвува испорака за Катар и тоа за објектите за Олимписките игри.

Првиот човек на „Мермерниот комбинат“ Периклес Николау, при посетета на градоначалникот Илија Јованоски на комбинатот истакна дека резерви за квалитетен мермер има за наредните 100 години. Но, најважна е грижата за вработените ангажирани во рудникот „Сивец“ и во фабриката за мермерни плочи.
–Прв приоритет е безбедноста на вработените кои имаат плати за 20 насто повисоки од просечната плата во Македонија. Годишно инвестираме три до четири милиона евра за нови машини и за обука на вработените. Нашата цел е континуираниот раст на компанијата и во производството. Во „Мермерниот комбинат“ се 380 вработени. Имаме синергија со компанијата „Павлидис“, светски позната во бизнисот со мермер, истакна Николау.
Годинава експлоатацијата на мермер од рудникот „Сивец“ продолжува со планираното темпо за испорака најмногу во Катар, САД, Шпанија, во Грција и во Кина но, и насекаде во светот.
Одличната соработка со бизнис секторот, а во тие рамки и со една од најголемите компании Мермерниот комбинат Прилеп е приоритет на локалната власт, потенцираше при посетата градоначалникот Јованоски.
– Мермерниот комбинат е домашна компанија со странска инвестиција. Белиот прилепски мермер останува како бренд кој се бара во целиот свет. Компанијата ќе продолжи високопрофитабилно да работи со што Прилеп се гордее. Општината ќе ја поддржува компанијата како и соработката со неа. Успешното работење на „Мермерниот комбинат“ е во интерес на граѓаните на Прилеп и за развојот на прилепското стопанство, рече Јованоски.
Инаку, оваа компанија е позната по својата општествена одговорност и соработка со локалната заедница со поддршката која ја дава во спортот и културата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: