ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

БИЛЈАНА ЈУРУКОВСКИ –  фотограф –  Предлог бр.3 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември„ СВЕТСКО А НАШЕ!

1.312

   СВЕТСКО, А НАШЕ!

Таа е патнички фотограф, родена во Прилеп, пред 43 години, кој моментно живее во Сиднеј, Австралија. Со фотографија започнува да се бави од пред 5 години,аматерски. За себе вели дека е самоук фотограф и многу љубопитна личност, дека посветено читала и самостојно учела за фотографијата и фотографирањето. Обожава да фотографира луѓе и нивниот начин на живот, но само во области и земји што останале недопрени од модерниот свет. Патувала во повеќе од 30 земји, меѓу кои: Индија, Етиопија, Монголија, Непал, Ангола, Куба, Мексико, Кина, Виетнам, Јапонија, Тајланд и други. Токму љубовта и страста кон фотографијата се пресудни да дојде до сето она што го има постигнато досега.

Денеска таа е наградувана за нејзината фотографија. Има голем број на признанија, нејзините фотографии се објавувае во светски списанија ,има свои самостојни иложби. Нејзините фотографии се  инспирирана од разновидните и убави изрази на различни култури. Таа фотографира луѓе од различни култури , во нивните родни места. Нејзината уметност прикажува грациозен свет каде силата и гордоста се врежани на лицата на луѓето фотографирани. Билјана (Миленксока) Јуруковски е истражувач и авантурист, со голема страст за фотографирање. За неа  фотографијата е медиум за комуникација меѓу луѓето. Патувала во многу земји на пете континенти и се соочила со многу предизвикувачки ситуации во потрагата да ја приближи до сите нас убавината на различностите.

Нејзината работа има силен фокус на племенските луѓе. Таа  пропатувала дури и  низ најоддалечените области, на земјите како што се Етиопија, Виетнам, Монголија, Куба и многу други , создавајќи слики од еден свет, кој го доловува достоинството, убавината и гордоста на номадските и племенски луѓе.

Нејзината цел е преку фотографија да создаде поттик за рамисување и дискусии за различни култури, за различнио начин на живеење на одредени луѓе,далку од цивилизацијата и матерјалнот,како и да ја претстави убавината на многу уникатен начин. Таа, исто така ,преку нејзината фотографија се обидува да го оспори традиционалниот начин, на кој начин ја гледаме убавината, и да ги испровоцира и да ги натера гледачите да се вклучат во разговори за концептот на убавината. КОГА ЈА КОНТАКТИРАВМЕ и и го кажавме нашиот предлог ,таа беше среќна што се сетивме на неа и ни пиша:

 

Таа го фотографираше и Вевчанскио карневаол 2019 г.

За нејзините фотографии од „Вевачaнскиот карневал 2019 “ на својата facebook  страна, денеска напиша:

“60 фотографии се спремни за да бидат испратени за ВЕВЧАНИ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како подарок за гостопримливоста И како знак за почитуванје на народот И општината, која сеуште ја негуваат традицијата, обичаите И културата. Воедно порфолиото ” Василиччари” -негователи на култура И традиција “ бесше во 10 топ портфолиа во категорија патувања во “Аустралаија Топ Емергинг Пхотограпхерс 2019”. Вевцчанци ви благодарам од се срце уште еднасш И само продолжете со негуванје на традициите“

 

Мото:Мојата работа е инспирирана од убавината на луѓето

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: