ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Боксерски спектакл во Прилеп на 22 јуни

857

На 22.06.2019 год. во СОУ “Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ќе биде организирана професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.  Од нашата држава ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0 против боксер од Бугарија.

 

„После долга пауза во Прилеп се организира боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг , мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп. Боксери ќе има од Македонија , Албанија , Бугарија… „- вели промоторот Дарко Чатлески.

Инаку, на 01.06.2019 год. ) во Шибеник Р.Хрватска се одржа генералното собрание на најголемата и најреномирана организација во Европа за професионален бокс ,Европската Боксерка Унија (ЕБУ,во организација на “ПБСФ” под водство на Хари Гориан. На овој настан учествуваа околу 40 земји од Европа ,а нашата држава ја представуваше Про Бокс Македонија членка во ЕБУ од 2013 година, чии делегат беше Дарко Чатлески.

На ова генерално собрание најважни точки во агендата беа проблемите со допингот на боксерите и суспензијата на боксерите кои доживеале технички нокаут или класичен нокаут.  Одлучено беше после ТКО или КО на секој професионален боксер да му се даде суспензија до 28 дена во завистост на тежината на нокаутот, поради заштита на боксерите . Со едногласна одлука на сите членки на ЕБУ беше одлучено да се поддржи аматерскиот бокс од страна на EBU,WBC,IBF,WBA,WBO, оваа поддршка ќе биде испратена до Олимпискиот Комитет за настап на аматерскиот бокс на Олимписките Игри во Токио Јапонија. За најдобар ЕБУ шампионат беше прогласена борбата помеѓу Францеско Патера против Левин Ристон.  Шампион на годината е Керман Лејарага а промотер на годината е Улф Стеинфорд СЕС Боксинг. Фамилијата на ЕБУ им даде можност за членство на следнте држави : Албанија , Молдавија, Турција и Словенија. Следното ЕБУ генерално собрение во 2020 година ќе се одржи во Ла Коруна Шпанија.

Пишува: Никола Димоски

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: