ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Борачите на мегдан во Стара Загора

801

Членовите на боречкиот клуб „Седми мај Прилеп“ од денеска, па до недела ќе земат учество на традиционалниот меѓународен турнир Димко Петров во Стара Загора. Експедицијата е предводена од тренерите Маркоски и Игнатоски, а во пионерска конкуренција боите на прилепскиот тим ке ги бранат Барбара Стојкоска во категоријата до 62 килограми и Стефан Стојаноски во категоријата до 48 килограми.Според тренерот Сашо Игнатоски ова е уште една можност за младите репрезентативци да го покажат својот квалитет на дело
Радио Пела : Колку ваквите турнири се добредојдени за вашите натпреварувачи особено ако во целост се следи формата на членовите на репрезентацијата?

-Сашо Игнатоски, тренер : Секогаш е добредојден настапот на силните турнири каде не само што се акумулира искуство туку и се надоградува формата на репрезентативците кои полека но сигурно се докажуваат на татамите , тоа всушнот е и местото каде треба да го покажат најдоброто од себе во овој спорт .Сметам дека и Стојкоска и Стојаноски дефинитивно се едни од најдобрите во своите категории и очекувам висок пласман без разлика на тоа што и во пионерска конкуренција , токму на овие турнири се појавуваат најдобрите од клубовите пријавени за настап.
Радио Пела : Традиционално секогаш учествувате на овој турнир , колку значи ова ваше претставување во Стара Загора како еден од најмладите клубови во земјава?

Сашо Игнатоски : .. Не само што значи туку дополнително не мотивира сите нас инволвирани во клубот да продолжиме да работиме и да се претставуваме во најдобро светло, всушност овие турнири само ја продлабочуваат соработката со сите клубови а несомнено дека за нас како боречки клуб претставува чест и гордост да се настапува секоја година на еден од најреномираните турнири кои се организираат во регионов.

На турнирот правдата ќе ја дели и Тамара Игнатоска која редовно како претставник од Седми мај Прилеп го претставува судискиот дел на турните кои се организираат во регионов.Инаку на турнирот ке настапат повеке од 200 натпреварувачи од Србија , Романија , Грција , Украина, Турција , Македонија и од други земји од регионов.

Подготви Никола Димески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: