ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Божиќниот ручек ги сплоти децата од цела Македонија (ГАЛЕРИЈА)

600

Со пораки за среќа, здравје, мир и разбирање се одржа 14 тиот по ред Божиќен ручек во организација на Детската амбасада за сите деца во светот. Насмевки, радост, желби за дружење и забава на детските лица кои пристигнаа во Прилеп од цела Македонија.
– Прв пат сум тука и ние сме тука за да се дружиме. Сите да сме здрави и живи, да има среќа, здравје и бериќет во новата година, вели Јана Иваноска од Скопје.
Втор пат на Божиќниот ручек учествуваа и деца од Танц студиото Зодијак.
– Во новата година посакувам многу среќа и насмевки, рече Матеја Попоска од танцовата група.
Марко Петрески од Прилеп посака повеќе да учи, семејствата да бидат среќни и весели.
На заедничка трпеза го прославија Божик, денот на Христовото раѓање деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. „Едно небо за сите деца“ е мотото на заедничката дружба.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата.
– Да нема насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање. Повеќе да се сакаме, да имаме мир, потенцираше Александра, Северкоска Стојаноски од Детската амбасада за сите деца во светот.
Новогодишните и Божиќните празници носат желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.
– Христовото раѓање е голем ден за сите наши граѓани, за сите верници. Овој ден покажува радост и среќа, љубов и взаемно почитување. Ние како граѓани треба да се вклопиме во нашето општество, сите со меѓусебно почитување. Чест и задоволство е да се присуствува на една ваква манифестација, која што и во иднина ќе ја поддржуваме, рече градоначалникот Јованоски.
Божиќниот ручек го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар.
– Децата се нашата иднина, децата се нашата радост, децата се нашата перспектива. Христос, нашиот спасител, не дошол во светот во некој друг облик, туку како дете мало, за да го спаси човечкиот род. И затоа, децата се оние кои што можат, доколку се огледаме на нив, на нивниот пример, како образец на љубовта, образец на трпението, образец на толеранцијата, на дружењето да се спаси човечкиот род. Никој не можеме да се обединиме така, како што само децата умеат да се обединуваат, и тие ни праќаат порака како треба да се обединиме, рече митрополитот Петар.

Детската амбасада за сите деца во светот го додели најпрестижното признание за општествена одговорност орден за „Носител на мирот“ на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги, д-р Пановски од Скопје. Плакети „ Пријател на децата“ беа доделени на : Кромберт и Шуберт од Битола, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, како и на третото Дете Амбасадор Трајче Камчески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: