CSS Template

Бронза, сребро и финале за боксерите од прилепски „Ас“

183
Avtokontrol1

Известува: Никола Димески

Викендов, Охрид беше домаќин на Државното првенство во бокс во категориите : деца, кадети , јуниори и сениори. На 19 и 20 октомври во спортската сала Билјанини Извори во организација на Боксерската Федерација на Македонија и боксерскиот клуб Алексо Огненовски од Охрид, на превенството пријавени беа околу 140 боксери . Боксерскиот клуб Ас од Прилеп настапи со четворица боксери предводени од тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески. Во категорија кадети +80 кг. Далибор Карафилоски го освои бронзениот медал , во категорија деца до 80 кг. Матеј Чатлески го освои сребрениот медал а во кадети до 60 кг. Дамјан Талимче по победата во полуфинале ќе настапи во финале на следното боксерско коло што ќе се организира од БФМ . Мартин Алексоски во категорија кадети до 54 кг. не настапи поради што во неговата категорија немаше пријавено други боксери.
– Ова е добар резултат за нашиот клуб , иако настапивме со двајца дебитанти во рингот на ова првенство.Имаме 3 медали од тројца боксери, а секако го чекаме и златото. Оптимистички гледаме во Дамјан Талимче за освојување на златниот медал, иако имаме еден доста јак противник во финалето. Ќе мора да се спремиме психички, физички и тактички. Се надеваме на златото, вели Дарко Чатлески, тренер.
За прв пат на ова првенство се официјализираа и борбите во женска конкуренција. Во прилепскиот клуб има неколку добри и перспективни девојки кои од наредните кола во бокс ќе можат да го претставуваат градот и да го докажат своето знаење во оваа племенита вештина.

Vivafarm
Farma Dolneni