ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Чествувањата за загинатите на Карпалак започнуваат од денеска

654

Одбележувањето во чест на делото на десеттемина прилепски бранители кои загинаа во воениот конфликт 2001 г започнуваат од денеска кога доцна попладне, во 18:00 часот,делегација на Општина Прилеп и градоначалникот, преставници од Советот на Општина Прилеп, од семејствата на загинатите херои преставници од АРМ и од граѓаниските здруженија и граѓани, ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите прилепски бранители, во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите потоа ќе се упатат кон селото Лениште каде пред спомен плочата на загинатите бранители ќе положат свежи цвеќиња.
Утре, на 08.08.2018.на денот на загинувањето на 10-те прилепски бранители, рано изутрината, претставници од здружението „Карпалак“ и Општина Прилеп ќе положат свежи цвеќиња на „Карпалак“, на местото каде што беа убиени прилепските бранители.
Во раните утрински часови делегација од граѓанските здруженија, преставници од Општина Прилеп,градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Прилеп, ќе им оддадат почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта.

Делегации од Општина Прилеп ќе им оддадат почит и ќе положат свеќи цвеќиња и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци.
Делегација на Општина Прилеп ќе присуствува и на панихидата што во нивна чест ќе се одржи во црквата „Света Петка“ во населбата Точила.
На пладне, пак, во 13:00ч. пред спомен плочата кај споменикот „Карпалак“ бројни владини, општински и како и делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии, здруженија и граѓани ќе положат свежи цвеќиња и ќе им оддадат достојна почит на загинатите херои.

Пред 18 години, рано изутрината,во воениот конфликтот 2001г. од заседа се убиени прилепските бранители:Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: