CSS Template

Чифлик Белица – куќа домаќинска (ГАЛЕРИЈА)

1.560
Avtokontrol1

Уште надвор ќе ве пречека „домаќинот“, а пред влезот ќе ве поздрави жуборењето на мало поточе, чиниш извира од куќата. Но, чекај додека ја отвориш вратата!
Најпрво мирис од свежа салата, свежо ветре, чекор понатаму на потпечено мевце, ајде уште еден чекор и ќе ве намами мирис на чорба, или на сарма, или… не, не, да не е тоа риба пастрмка ?! Само во неколку чекори ќе сфатите дека изобилството од мириси ќе ве водат во внатрешноста на оваа домаќинска куќа, се додека не си го пронајдете вистинското место за уживање. Сакате покрај прозорецот кај рибникот, или од другата страна да се слеете во природата по течението на реката Белешница. Или пак можеби сакате да отседнете на платформата надвор, на мовчето, каде ќе ве гали планинското ветре проткаено со свежината од кристалната Белешница. …
Лукчето во плетенка ќе ве потсети на некои дамнешни времиња, но, тоа е само мало делче од богатиот етно стил на кој се темели ресторанот Чифлик Белица.

 

Амбиент на домаќинска куќа, на богатство од етно култура проткаена и надополнета со изобилие на разноврсна храна, готвени јадења, скара, печен дивеч, рибни специјалитети, токму онакви какви што сакате да ги приготвите во домашни услови.
Тука се е дел од природата, едноставно доаѓа од неа. Печурките донесени утрото, рибата можете да ја одберете и сами зашто рибникот е на дофат, а месото – газда Столе успешно веќе со години го носи од сопствените фарми. Па уште и домашна ракија и вино… се во Чифлик Белица е подредено на комплетното задоволство од гостите.
Рака на срце, ретко кој ресторан може да се пофали со толку богато мени. Едноставно – нема што нема, а за ваше комплетно задоволство и музиката ќе ги надополни сетилата…староградска, чалгаџиска…
Но, чекор по чекор со богатството од мириси, вкусови и мелодија, ќе посакате да се запознаете со природата која просто мами да ве удостои. Зеленилото тука кај Белица е присутно во сите нијанси. Кревко и свежо, ќе ве повика да направите обиколка на чифликот. Ако сте љубител на јавање на коњи, нема проблем, ергелата е тука, на дофат на раката. Така, јавајќи во недопреното богатство ќе можете уште повеќе да го запознаете овој предел – зелениот кристал во срцето на Македонија, Поречието на 20 тина км од Македонски Брод, во прегратките на двете планини Јакупица и Даутица, каде се наоѓа селото Белица.
Ако ви се роди желба дополнително да го истражувате беличкиот крај, нема проблем, чифликот располага и со мотел, 9 соби за издавање за кои претходно треба да направите резервација. Пештерата Пешна, Девини кули, пештера Момичек, езерото Козјак, реката Треска… колку да си знаете што може да откриете!
Бидете спокојни и уживајте во престојот, ако еднаш бидете ненајавен гостин во Мотел ресторан Чифлик Белица, сигурно ќе се вратите пак. Ова е домаќинска куќа која со исклучително внимание се грижи за своите посетители.
Но, имајте го секогаш при себе тел. број за резервација 071 266 448, зашто никогаш не се знае кога ќе ви притреба.
Мотел ресторан Чифлик Белица – куќа домаќинска, со изобилство на македонска вкусна храна и врвна услуга!

ГАЛЕРИЈА

 

Ciflik
Farma Dolneni
Vivafarm