ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Comfy Angel”со караванот за поддршка на младите во спортот патува во Охрид

592

     Comfy Angel, заедно со Црвен Крст од Охрид, в сабота (од 9 часот), кај Чинарот, во Охрид, организира голема хуманитарна распродажба на своите производи.

     Распродажбата е од хуманитарен карактер. Дел од средствата кои ќе се соберат ќе му бидат донирани на 13 – сет годишниот херој, Марко Пејчиновски за  неговите подготовките за неговиот следен спортски потфат.

     Минатата година, на 12 години, Марко Пејчиновски од Охрид, на 28 август,  го преплива Охридското Езеро, иако има некроза на ногат, како резултат на пореметување на крвотокот. Тој најави и нов потфат, за веќе се подготвува интензивно.

      На самиот ден, на местото на распродажбата на производите од Комфи Ангел , ќе биде поставена и кутија за донации, каде граѓание ќе можат и да донираат средства за поддршка на  Марко Пејчиновски!

Минатиот месец компанијата која се смета за една од најопшествено одговорните компании во Македонија,Comfy Angel организираше хумнитарна акција за помош на спорткиот младински ракометен клуб „Прилеп“ и најави дека караванот за поддршка на младите во спортот ќе продолжи во сите поголеми градови на Македонија.

Ова не е прв пат оваа Компанија да организира вакви хуманитарни акции. Во минатите години, собраните средства, најчесто се донираа за децата со посебни потреби, за училиштата и  за болниците во Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: