ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како денес да се биде среќен?! Зголемете го хормонот на среќата – СЕРОТОНИН

3.848

СЕКОЈ ЧОВЕК ИМА ПРАВО ДА БИДЕ СРЕЌЕН!!! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ  АКТУЕЛНИОТ ВИРУС НА КОРОНА ДА ПРЕДИЗВИКА ДОПОЛНИТЕЛНИ РИЗИЦИ  ЗА РАЗНИ БОЛЕСТИ ВО НАШИОТ ЖИВОТ!!!

Серотонин + Допамин = СРЕЌЕН ЖИВОТ. Серотонинот, попознат како хормон на среќата влијае на нашето расположение, однесување, апетит, варење, сон, памтење, но и сексуална желба – велат од Тимот на ПЗУ ЛЕК М&M  (ординација по општа медиција на д-р Марија Сиелска и дип.медицинската сестра Матилда Сприкоска) со кои разговаравме за тоа:

„Како денес да бидеме посреќни?!„

Како да ја зголемиме нашата среќа?!„

Како да ја активираме среќата во нас?!„

 

ПЗУ ЛЕК М&M : Колкав степен на среќа, какви реакции ќе надвладеат на некој радосен, убав момент и дали ќе предизвикаат среќа кај индивидуата зависи од количество на  СЕРОТОНИН,  хормон во човечкиот органзиама кој уште се нарекува природен антидепресив. За тоа колку сте среќни е „виновникот„ хормонот во човечкиот организма т.н “ Хормон на Среќата“. Во човечкото  тело просечно има од 5 до 10 мг серотонин.

Радио Пела:  ШТО Е СЕРОТОНИН ? 

ПЗУ ЛЕК М&M : Серотонинот се нарекува молекула на самодовербата. Се нарекува природен антидепресив, но е силно поврзан со чувството на исполнетост и успешност, особено кога тоа е потврдено во заедницата или системот во кој човекот делува. Изјавата “јас го направив тоа” се поврзува со описот на она што го стимулира овој хормон.

Серотонинот е невротрансмитер кој што помага при пренесување на сигналите до сите делови од мозокот. Најзастапени рецептори на 5HT се наоѓаат во дигестивниот систен, 90% ,па, затоа се смета дека внесот на храната е дел од играта која што ја игра човекот за да се избори со депресијата и да се почувствува среќен и исполнет емотивно. Храната е ставена на место број 1 бидејќи луѓето ,поради динамичниот и брз начин на живеење, конзумират  најчесто брза храна  (fast Food) која што при употребување во подолги интервали, предизвикува оштетување и намалување на лачење на серотонинот од рецепторите. Секако, покрај храната тука е и медикаментозната терапија, која исто така игра една главна улога, а тоа е 5 ХТП ( 5 хидрокситриптофан) потикнувач на лачење на овој хормон.

Недостаток на серотонин во телото (мозокот) може да предизвика различни промени: анксиозност, депресија, умор, неволност за живот, постојан глад, особено за благи продукти, дигестивни нарушувања, напади на паника, несоница, лутина…

Радио Пела: КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРИРОДНО ОВОЈ ХОРМОН ВО НАШИОТ ОГАНИЗАМ? 

 

ПЗУ ЛЕК М&M: Променете ги животни навики, имајте повеќе изложеност на сонце. Јадете или пијте кафе надвор и изложете се на сонце најмалку 20 минути. Нашата кожа апсорбира ултравиолетови зраци, што промовира производство на витамин Д и серотонин. Одмор во планина и свеж воздух, пешачење со пријатели со позитивна енергија, редовен 8 часовен сон, употреба на 5ХТП, конзумирање на витамин од групата Б,  физички активности (пливање, возење велосипед, трчање…) Сето тоа ќе придонесе за повеќе среќа во Вашиот организам. Можеби не може да имаме дрво со пари, но можете да имаме дрво со среќа,  ако го потикнетe хормонот на среќата – СЕРОТОНИНот!

 

Радио Пела: КАКО ДА ЈА АКТИВИРАМЕ СРЕЌАТА ВО НАС ?                                            

ПЗУ ЛЕК М&M: Живееме во време во кое се соочуваме со несигурност, со економски и финансиски предизвици и со нови општествени норми и трендови. Во исто време сме бомбардирани со многу негативни мисли ( вести ) кои предизвикуваат страв и несигурност. Затоа треба да се прави добро до исцрпеност, да се преплаши свемирот од добрина, онолку колку што сме преплашени од количината на злото во светот.

Треба да се прави добро до граница на глупоста, и преку неа, и кога нема причина треба да се прави добро. Треба секој ден да му ја стоплите душата некому намерно. Треба да се прави добро и кога со добро не се враќа. Треба без разлика на се. Треба бидејќи тоа е единствено , бидејќи ништо нема смисла. И затоа единствен удар на бесмисленоста е тоа – ДОБРО. Само бесмислено добро мириса на некој смисол, совршено, чисто, добро без никаква смисла.

Тимот на ПЗУ Лек М&M, д-р Марија Сиелска и дип.медицинската сестра Матилда Сприкоска Ви посакува само среќни моменти! (ПЗУ по општа медицина „Лек М&M“, во Здрсвствен дом Прилеп, амбуланта во соба бр. 34)

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: