ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали има дискриминација на жената во руралните средини?

533

Колку жената во руралните средини е еманципирана, дали ги има истите услови за работа и развој, за себе си и за семејството како во урбаните средини, какви се условите за дополнителна едукација?
Жените во руралните средини треба да се едуцираат, но за нив посетување на кино и театар е губење на време?! Трудот на жената не е ниту признат, ниту доволно платен, тоа е сигурно! Кои се резултатите од истражувањата?
Во првиот месец направено е истражување по пат на прашалник врз 350 испитаници, подеднакво мажи и жени, од различна возраст и степен на образование. Истражувањето е направено во дел од општините на Пелагонискиот Регион и тоа-Општина Новаци,(селата Новаци, Рибарци, Долно Агларци, Добромири), Општина Могила,(селата Чарлија, Будаково, Добрушево), Општина Кривогаштани, Крушево и Битолскиот Регион, (Буково, Бистрица).

Дали жената е дискриминирана во однос на мажите – 37,7 проценти одговориле со „не“, а 30,17 проценти со „да“. Од оние што одговориле со „не“, сите припадници на машкиот пол рекле дека нема дискриминација. Имало и жени кои не сакале да одговорат потврдно на ова прашање иако анкетата била анонимна, но на крајот во разговор признале дека има дискриминација на повеќе полиња, дека немаат имот на сопствено име, немаат возачка дозвола, па се зависни од превоз, дека се финансиски зависни од мажите, дека немаат голема поддршка за студирање, се мажат млади и со обврските немаат време за себе.

Истражувањето покажа дека жените од руралните средни имаат здравствено осигурување, но тоа е од сопругот.
-Дури 50, 72 од испитаниците имаа здравствено осигурување но тоа не е сопствено и е на име на сопругот. Тука се наметнува прашањето колку жената во поодминати години во руралните средини би била финансиски стабилна и независна, без оглед на нејзиниот брачен статус, рече Билјана Ристевска ангажирана во делот истражување и анализа.

Според Ристевска она што е забележително од истражувањето е што жените од руралните средини не посетуваат кино и театар, најголем дел од испитаниците тоа го сметаа за како што велат „губење на време“.
Што се однесува до прашањето – Колкави се можностите жената да се оствари како жена претприемач, најголем број од испитаниците на ова прашање одговориле дека имаат делумно шанси ,најмногу поради финансиската нестабилност.
Во однос на прашањето- дали жената треба повеќе да се едуцира, во висок процент (85,92)и мажи и жени одговориле со „да“, и тука немале дилема.
-На прашањето –Дали трудот на жената е признат и платен, испитаниците го доживуваат емотивно, и не само жените туку и голем процент и од мажите сметаат дека трудот на жената, не е ниту признат ниту пак платен. Признаваат дека жената е во исто време и сопруга и мајка, и ќерка и снаа, се грижи за децата, за постарите и болните во семејството, се грижи за домот, за стоката, за нивите, а за тоа не добива паричен надомест.

Она што остави интересен печат на ова првично испитување е делот на предрасудите со кои се среќава жената од руралните средини. Испитаниците сметаа дека предрасуди има на повеќе полиња.
-На крајот од прашалникот имаше дел за предрасуди, па анкетираните напоменаа дека во нивните микро средини има сѐ и сешто од политичка, етничка, верска, економска поделба, потчинетост, недоволно права и можности, хиерархија во домот, непочитување на жената и озборување. Имаше и една интересна сугестија-„Фејс букот да се укине“, беше дадена од машко лице за жените да не се прегледуваат преку фејсбук, рече Ристевска.

Како интересен податок Ристевска покрај прашалникот рече дека е направена и споредбена анализа од официјални статистички податоци за 2013 и 2016 година за учеството на жената како носител на земјоделско стопанство. Од статистичките податоци е добиен податок дека во 2016 година за разлика од 2013 на ниво на цела држава бројот на жените носители на земјоделско стопанство се намалува, додека пак во Пелагонискиот Регион тој број се зголемува.
Во 2013 години регистрирани се 2413 жени носители на индивидуално земјоделско стопанство, додека пак во 2016 година се регистрирани 3403 жени. Разликата е 990 земјоделски стопанства повеќе.

Проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“, се реализира од ЗЕЗ „Зелена берза“-Битола со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество Македонија . Проектот започна да се реализира од ноември годинава и ќе трае до април 2020 г.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: