Avtokontrol1

Дали подрачното ООУ „Добре Јованоски“ е безбедно за учениците?!

63
Marfil

ООУ „Добре Јованоски“ оваа година ја покрена постапка до MOН, објектот на поддрачното училиште (некогашниот објект кој служел  како центар за воена обука), каде денеска учат 128 деца, од III и IV,  да го добијат во нивна сопстенот, за да можат да ги направт потребнте реконструкции и оваа зграда да ја обележат како основно училиште, каде учат деца.

Несоодветната зграда,  за образование, во која има надворешни тоалети, до неодмна ниту вода во училишниот објект,( па децата се миеа во чешмата поставена во дворот) не обележана како училишна зграда, беше тема на дискусија која ја покрена невладината Рома.С.О.С .-Прилеп по неколку инциденти кои ја загрозуваа безбедноста на учениците

Рома.С.О.С, здружение кое ги застапува правата на ромската популација,на  прес конференција истака: „Нема технички и хигиенски услови за одржување на настава. Објектот е руиниран и небезбедн, а инвентарот и ѕидовите се распаѓаат. Објектот не е обележан, ниту, пак, патот каде е училиштет, а учениците се изложени на опасност во сообраќајот“, рече претседателот на навладинат Рома.С.О.С ,Несиме Салиоска .Како доказ  дека објектот е небезбеден таа го посочи случајот од 25.01.2018 година, кога дел од еден од надворешните ѕидови во дворот ,паднал врз еден ученик и го повредил, кога тој играјќи се,  слегувал од него.

Директорката на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп, Сузана Дарковска, денеска ја дементираше РОМА С:О.С  и тврди дека случката не се случила во училишниот двори

„Ученикот излегол надвор од објектот, се качил на ограда висока 2 метри и во обид да види каде се наоѓа кучето, паднал на другата страна на оградата при што удрил во шахта на улицата. Што значи инцидентот не се случил во училиштето и поради руинираност на објектот туку поради тоа што учениот не ги следел препораките на наставничката и самоиницијативно излегол од училишната зграда“, истакна Сузана Дарковска, директор на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.

Таа посочи дека  дека  државниот просветен и санитарен инспекторат  бил во посета на училиштето веднаш по преставката на невладината организација и не утврдил неправилности при работењето. Сепак потврди дека поголем дел од условите за работа се подобрени откако РОМА СОС на 5 март доставила претставка за случката .

„Тоалетите ламби нон стоп децата ги кршеа, се постави осветлување со сензори. Имаше некои тули во самиот ќош кај гаражите, каде се внесуваат дрва комплетно се исчисти. Во внатрешноста на објект немаше вода, но успеавме да поставиме иако обејектот не е наш, го користиме под кирија,. Вратата од стражарницата беше падната, тргната на страна, за да не влегуваат децата се прицврсти и вратата. На шахтите дополнително се ставија катанци“, додава директоркатана ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп, Сузана Дарковска Дарковска.

Инаку, станува збор за зграда која во последните 15-тина години учат ученици од СОУ „Добре Јованоски“ ,претежно од ромска популација.  Кога се поминува покрај овој објект, факт е дека воопшто не е видливо дека станува збор за училиште.