CSS Template

Дали прилепските земјоделци ќе добијат помош и од државата за штетите од невремето во 2018 година?

150
Avtokontrol1

Големото невреме кое го уништи родот на земјоделските површини во два наврати во јули 2018 та година остави последици врз рентабилноста на земјоделските стопанства во прилепско. Со цел да помогне, Општина Прилеп истата година на сметките на 1 359 земјоделци за прв пат исплати 6 милиони денари, за надокнадување на 3% од вкупната штета на секое барање доставено до Комисијата за проценка на штета.

Но, дали постои можност, земјоделците да добијат помош и од државната каса,  прашање до градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски при неговата посета на Мало Коњари деновиве, каде земјоделците претрпеа најголеми штети.

– Елаборатот за настанатата штета е подготвен од соодветната општинска комисија за проценка и помина на седница на Владата. Вкупната процената штета изнесува 3 милиони и 700 илјади евра. Се чека Владата да одлучи колкав процент од таа сума е во можност да издвои за помош на земјоделците во нашата општина.Се надеваме, на радост на земјоделците, дека тоа ќе се случи во наредниве неколку месеци, изјави градоначалникот Јованоски.

Државата дополнително, покрај помошта од општината, може да помогне до 15% од вкупната проценета штета, но тоа зависи од вкупната расположлива сума во буџетот за таа намена.

Farma Dolneni
Vivafarm