CSS Template

Даниел Карчески е “непроценливо богатство” за секоја екипа

Нови предизвици во Кратово за прилепскиот фудбалер

994
Avtokontrol1

Една деценија во својата Победа а сега служи за пример кај кратовчани.Даниел Карчески е големо засилување за Силекс како фудбалер со екстремно искусен профил на играч,  низ чии нозе поминале многу  натпревари и фудбалски искушенија од кои само може да се акумулира искуство потребно за нови предизвици.Така е и со прилепската машинерија која го покажува  сиот свој сјај во дресот на прволигашот од Кратово.Секој фудбалер на денешшницава крие своја фудбалска магија,  своја тајна на зелениот тепих, како и  Даниел, кој беше една од главните цели на клубот за кој сега настапува, па затоа и челниците на Силекс веруваат во неговата игра со “бубамарата”.

Карчески за Радио Пела вели дека Силекс на скоро сите позиции има квалитетни играчи, истото тоа важи и за неговата,  како играч кој треба да ја поврзи одбраната со нападот,  но за него е најважно што се наметнува  и го докажува на теренот неговиот ангажман во тимот, од каде очекуваат дека Силекс како екипа со неговите квалитети ќе добиe многу во престојната пролетна полуетапа.Даниел исто така е задоволен од тоа како го прифатија како соиграч во тимот уште на почетокот на сезоната,  па според него целта на клубот е опстанокот во лигата а потоа шансите за висок пласман и места кои водат во Европа.

Прилепскиот фудбалер своите почетоци ги имаше на седум годишна возраст во фудбалската школа Перак , поминувајќи долго време во едукација и надоградба на својот талент под менторство на тогашниот и сегашен тренер Зоран Димоски – Перак.Сето тоа беше причина повеќе подоцна да ги помине сите категории во фудбалскиот клуб Победа и да заигра и за првиот тим.Сеуште се свежи сеќавањата на моментите кога Победа играше во третолигашкото друштво, вели тој, но тогаш се формираше млада екипа која успеа повторно да го врати клубот онаму каде и му е местото и покрај многуте потешкотии низ кои поминуваше црвено белата армија , истакна Карчески и додаде дека десетте години поминати во Победа се со срце и на терен.Сигурно и во новата средина го очекува истиот победоносен ритам со Силекс, па затоа единствено што му посакуваме е да го држи здравјето и многу добри партии во мак фудбалот.

 

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni