ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дела од “Прилепското уметничко лето 2018“ пред Прилепчани

846

Во изложбениот салон на Центарот беше отворена изложбата на дела создадени на ликовните манифестации на ЦСЛУ во 2018 година. Пред љубителите на ликовната уметност се 20 слики и две скулптури создадени од уметници од земјата и од странство.

Изложбата ја отвори Горан Ристески од ЦСЛУ кој посочи дека од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес ЦСЛУ има континуирано ликовно творештво.

– Низ текот на годините творештвото успешно го негувавме и промовиравме преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот – рече Ристески.

ЦСЛУ-Прилеп е едена од најстарите интернационали сликарски колонии . Во  1963 година во рамките на нејзиното псостоење е  отворенен Интернационален скулпторски симпозиум во мермер „Мермер“,кој минатата година одбележа  55 годинишен јубилеј .Од 1973  година отворено е  Интернационално атеље за склуптура во метал… Во шест деценискот постоење создадни се близу 1500 дела.

Минатата недела , мал дел од ликовно творештво на ЦСЛУ -Прилеп беше изложено на 4-от Меѓународен саем за современа уметност во Солун (International contemporary art fair „Art Tessaloniki“) и предизивика голем интерес кај меѓународната публика .

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: