ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Демократија“ на театарската сцена во Прилеп

910

„Демократија“ е новата Театарска претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Кирил Петрески, која ќе се прикажува премиерно, утре, четврток, на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“

„Демократија“ од авторот Јосиф Бродски, е политичка сатира која духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава. Демократијата настапува нагло и ненајавено, доаѓа „одозгора“, фаќајќи ги министрите сосема неподготвени, поточно, им доаѓа токму за време на ручекот. Министрите, не губејќи ни минута, ги прекројуваат општествените механизми, прилагодувајќи го целиот поредок на својата една и единствена цел – да останат на власт и да продолжат да се гоштеваат во Палатата.

„Парадоксално или не, добро востановениот тоталитаризам успешно се задржува и во „демократијата“. Од искуство знам дека транзицијата е идеална за употребата на демократија и идеално послужува за матерјалните интереси на политичката елита. Таа има пристап до изворите за богатење , додека великодушно фрла трошки од нејзината богата трпеза на сиромашните Во крајна линија, оваа претстава дава одговор на прашањето – што суштински се менува кога еден политички систем се заменува со друг. Одговорот е – ништо. Апсолутно ништо не се менува!“-вели режисерот, Кирил Петрески.

Актерот, Марјан Чакмакоски вели дека човекот учи додека е жив

„Можеби ова звучи како клиште, но е така. Додека ја подготвувавме претстава од Бродски, овие неколку месеци, сфатив дека демократијата ти било од животно значење. Се будиме со демократија ,„демократски избори“, „демократски говор„, „во името на демократијата“ …и правиме разни чуда во името на демократија. Сфатив дека сме опкружени со демократија и дека тоа е живот. Се плашам дека еден ден бебињата наместо „мама“ ,прв збор ќе им биде „демократија„ Сфатив и второ,  дека телефонот ти бил од историско значење,зашто само со еден телефонски повик можеш да промениш судубини,судбини на држави, народ , нации, на некој човек, на театар, некоја трупа..“-  рече актерот Чакмакоски

Во претставата „Демократија“  играат : Марјан Чакмакоски  во улогата на БАЗИЛ МОДЕСТОВИЧ Димитар Ѓорѓиевски, како ИВАН ПЕТРОВИЧ , Михајло Миленкоски во улогата на ГУСТАВ АДОЛФОВИЧ, Ангела Наумоска е СЕСИЛИЈА МАРКОВНА Димитрина Мицкоска како МАТИЛДА

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: