CSS Template

Девет натпреварувачи – девет медалји за џудистите на Сеишен

232
Avtokontrol1

Џудо клубот Сеишин од Прилеп имаше уште еден успешен настап на меѓународен турнир во странство. Од силниот турнир во Црна Гора, „Трофеј Никшиќ-2019“ џудистите на Сеишен се вратија со девет освоени медали.

Вкупно 9 натпреварувачи отпатуваа за Никшиќ и успеја да се вратат со исто толку медалји во силната конкуренција на 290 натпреварувачи од 32 клубови.

Џудистите на Сеишин освоија 2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. До најсјајните одличја дојдоа Валентин Димитриоски во кадетска конкуренција во категорија -90 килограми, како и Јован Најдовски во категоријата +90 кг.

На турнирот во Црна Гора вреди да се напомене дека учество зедоа 7 држави Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина и домаќинот Црна Гора.

Farma Dolneni
Vivafarm