CSS Template

ЏК Сеишен, викендов, со медалји од два турнири

112
Avtokontrol1

На покана на Џудо федерацијата на Војводина прилепските џудисти учествуваа на првиот Меморијален меѓународен турнир „Великаните на Војводина”, но и на домашен терен „Прилеп опен 2019“.
И од двата „фронта“ во Војводина и Македонија, Џудо клубот Сеишин се претстави успешно. Џудистите во силна конкуренција на турнирот во Војводина каде учествуваа над 700 натпреварувачи од околу 55 клубови од 7 држави се покажаа во најдобро светло. Членовите на Сеишин на овој високо квалитетен и исклучотелно тежок турнир освоија 4 бронзени медали во кадетска конкуренција: Теодора Димеска и Ема Димитријоска во категоријата до 48кг, Марија Талеска до 52 кг и Јован Најдоски +90 кг.

На домашен терен во Прилеп клубот предводен од мајсторите Чадамов и Ѓураков настапија на традиционалниот турнир „Прилеп опен 2019“ каде освоија 8 медали- 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

Vivafarm
Farma Dolneni